Фан Пост

Критика за Batman-The Long Haloween

Batman – The Long Haloween е низа од 13 помали стрипа издадени за прв пат во 1967та година напишана од Tim Loeb и нацртана од Tim Sale.Како голем Batman фан можам со сигурност да кажам дека оваа приказна е една од нај добрите Batman приказни напишани до ден денес. Се базира околу Ноќта на вештерките каде што Batman пробува да открие низа од убиства , вклучувајки и убиства во двете најпознати криминални фамилии: Maroni и Falcone. Batman ни ги прикажува сите негови детективски вештини при неговите напори што побрзо да ги разоткрие грозоморните убиства. Во овој стрип има многу иконични моменти како трансформацијата на Harvey Dent во Two-Face , средби со едни од најпознатите Batman негативци како: Joker , Scarecrow , Catwoman , Penguin , Poison Ivy но и интересни итерации на помалку познати негативци како Mad Hatter , Calendar Man , Sofia “Gigante” Falcone и Solomon Grundy. Стилот е многу уникатен и прикажува како стриповите изгледале во средината на деведесетите години. Се на се акцијата и случувањата во овој стрип би ги воодушевиле сите читатели и љубители на стрипови а крајот ве остава збуните и буди желба за продолжување на приказната. 

-Критика од нашиот верен фан Чинго.