За тие што со нетрпение ја чекате GTA 6, приремете се уште долго да ја чекате…
Фановите за прв пат во историјата на оваа франшиза чекаат скоро осум години за нова игра на Grand Theft Auto, и според еден од објавените податоци која потекнува од доста точен извор, новата игра ќе дебитира во 2025 година за гејминг платформите PS5, Xbox Series X|S и PC.
Том Хендерсон кој во минатото има објавено точни гласини за Call of Duty и Battlefield 2042, објави ново видео во кое тврди дека дејствата во GTA 6 ќе бидат во модерен Vice City (Miami). Ова е тотално спротивно од постарите гласини кои циркулираа на социјалните мрежи дека дејството ќе биде токму во Vice City но во 80-тите години на минатиот век. Хендерсон тврди дека компанијата Rockstar сака да обезбеди што е можно поголема слобода и време за својот персонал кога станува збор за креирање содржина за GTA Online.
Тој исто така дискутираше за новиот потенцијал на мапата на GTA 6 со текот на времето да се менува, слично како примерот кога Epic Games редовно ја ревидираат мапата на Fortnite за време на настаните на крајот од сезоната. Се споменува дека играта ќе има повеќе карактери со кои ќе имаме опција да играме, нешто што во GTA 5 за прв пат се појави. Дури и ако овие гласини се точни, фановите ќе чекаат долго поради три фактори:
- Копманијата Rockstar ќе почека додека PS5 и новите графички станат достапни за поголем број на гејмери.
- GTA 5 до ден денес генерира големи приходи за компанијата па токму затоа имаат повеќе време да размислуваат за GTA 6.
- Rockstar става поголем акцент на нивните вработени со тоа што им дава флексибилно време за работа, поради етички причини сака да ги заштити од интензивна работа и стрес, да не се повтори случајот со изработката на Red Dead Redemption 2.
Други актуелни гласини кои се постари од оваа, велат дека главниот лик ќе биде жена (иако ќе може да играме со повеќе ликови), дека ќе може да се патува во други градови како Liberty City (New York) па дури и во други континенти како во Јужна Америка.
Сепак тоа се само гласини, целосното видео на Том Хендерсон како објаснува за новите гласини од играта можете да го погледнете подолу: