Хорор режисерот Fede Alvarez е во преговори за преработка на култниот филм ZORRO! Еден од оригиналните маскирани херои инспириран од двајца меѓу првите и најпознати DC херои Супермен и Бетмен.
Зоро е создаден од писателот Johnston McCulley во 1919 година, се појавува во романи и раскази сместени во Pueblo of Los Angeles во California за време на шпанската-калифорниска ера, во California периодот помеѓу 1781-1821 година. Зоро е маскиран буден со двоен идентитет и иако нема суперсили, тој како и Бетмен, има пари, борбени вештини, особено импресивен мечувалец и волја да се бори за угнетените и против угнетувачите. Зоро е таен буден идентитет на Don Diego de la Vega, единствениот син на Don Alejandro de la Vega, најбогатиот земјопоседник во California.
Douglas Fairbanks и Mary Pickford ја избраа првата приказната The Curse of Capistrano како прв филм на нивното ново студио, United Artists. The Mark of Zorro е нем филм, кој беше објавен во 1920 година, кој Fairbanks го продуцираше, пишуваше и глумеше како Зоро. Ова ја започна долгогодишната филмска популарност на ликот!
Денес ексклузивно дознаваме дека, Fede Alvarez e во преговори со Sony Pictures за режирање на нова преработка на Зоро најверојатно според најпознатата книга на Зоро и дебитантскиот изглед на ликот The Curse of Capistrano. The Curse of Capistrano, кој е исто така е препечатен под насловот The Mark of Zorro, е продаден во над 50 милиони примероци и е еден од најпродаваните романи на сите времиња што го прави совршена почетна точка за нов Зоро.
Интересен факт кој можеби не сте го знаеле е дека режисерот Fede Alvarez имаше шанса да биде режисер на филмот Doctor Strange на Marvel, но се шпекулира дека го напуштил проектот заради недостаток од креативна слобода.
Зоро исто така беше во фокусот на телевизиски серии, стрипови, видеоигри, радио драми и секако бројни романи и раскази од Johnston McCulley. Се чини дека неговото наследство ќе продолжи да расте и обновува. Останува да видиме кој актер ќе ја преземе улогата на Зоро во новата преработка на оригиналниот и прв роман.