Денес е четврток, 12 декември 2024
ПочетокСерииCOMICS.MK 'Loki' Non-Spoiler Review

COMICS.MK ‘Loki’ Non-Spoiler Review

Досега најголемата Marvel Studios серија која ќе има огромно влијание врз останатите настани во филмскиот универзум на Marvel!

Во Non-Spoiler Review-то подолу можеби ќе се сретнете со мали спојлери од првите пет епизоди, доколку сакате да ги избегнете не го читајте!

Како и во секоја Marvel Studios серија, првата епизода е само еден краток вовед кој ни дава визија за што би можело да следува низ текот на сезоната, би ја опишале како чудна, уникатна и непредвидлива приказна која има огромно значење врз целиот филмски универзум.

Вреди да се напомене дека голем дел од фановите можеби се малку разочарани поради фактот дека не се работеше за митолошките елементи на богот Loki, туку беше сосема нов концепт кој ги проучи тајните на времето преку една многу интересна организација наречена TVA (Time Variance Authority).

Серија која длабоко ќе го промени Loki (варијантата на ликот која ни е претставена), ќе добие нови вредности и цели од кои се очекува да видиме многу повеќе во следните проекти, одличен Character Development во само 6 епизоди, за жал кога станува збор за магичните способности на Loki, не добивме многу, но сепак добивме најмногу од било кој друг проект поврзан со ликот. Останатите варијанти на Loki се доловени на креативен начин, дефинитивно ќе бидат запаметени (посебно Classic Loki поради неговата глума и важна улога и Alligator Loki како една уникатна појава), ликот на Sylvie навистина беше нешто ново кога станува збор варијанта на истиот лик, нејзиниот комплексен карактер беше еден од најдобрите делови низ текот на настаните во серијата и главната причина за љубовната динамика-промената на карактерот на Loki. Mobius и останатите членови на TVA си добија улоги кои беа сосема добро напишани и одглумени, сите ликови во серијата беа погодени до максимално ниво.

Секоја епизода е посебна авантура која не остава на работ на некое големо исчекување, крајот е еден убав расплет кој искрено бевме шокирани кога дознавме дека се работи за еден застрашувачки лик од стриповите на Marvel (Огромно изненадување). Како и секој проект на студиото, ова е само почетокот за многу ликови и негативци, покрај втората сезона, сите овие настани ќе бидат поврзани со ‘Spider-Man: No Way Home’, ‘Doctor Strange: In the Multiverse of Madness’ и ‘Ant-Man and the Wasp: Quantumania’. Голем број на Easter Eggs кои сугерираат на уште почудни ликови и настани во филмскиот универзум на Marvel кои допрва треба да ги искусиме.

Серија која го истражува комплексниот карактер на Loki, го тера да го искуси целото тоа патување кое на крајот ќе го наслика во едно поинакво светло. Некои нешта се повредни дури и од боговите, дури и од сопственото его, дури и од целата таа омраза која секој од нас може да ја преточи во нешто подобро, секој од нас може да се промени, без разлика на бројот на варијантите.

Со почетокот на мултиверзумот може да очекуваме многу возбудувања, изненадувања и нови елементи, со нетрпение ги чекаме сите проекти кои се поврзани со еден од најмоќните негативци во филмскиот универзум на Marvel!

9.2/10

Дефинитивно најдобрата Marvel Studios серија!

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО