Денес е четврток, 12 декември 2024
ПочетокФилмовиCOMICS.MK 'Space Jam: A New Legacy' Non-Spoiler Review

COMICS.MK ‘Space Jam: A New Legacy’ Non-Spoiler Review

Looney Tunes се враќаат на големите филмски платна после долго време, овој пат со еден од најдобрите кошаркари во историјата, LeBron James!

Поминаа цели 25 години од премиерата на првиот ‘Space Jam’ со легендарниот Michael Jordan, генерации израснаа со филмот кој е еден од симболиките за кошарката и Поп Културата, иако многу фанови се носталгични, сепак ‘Space Jam: A New Legacy’ ќе биде новиот хит за идните генерации.

Тоа што го очекувавме, го добивме. Филм од кој не може да се очекува реална (логична) приказна но тоа што се очекува е забавна, смешна и визуелно убаво прикажана приказна (со исклучок во неколку моменти во кои имаше лоши визуелни ефекти). Фамилијарен филм кој си има своја оригиналност, доста различен од првиот дел и се фокусира на дигиталниот свет, вредностите и врската помеѓу старите и новите генерации. Глумата од страна на Don Cheadle беше одлична, LeBron James не се истакна со неговата глума (фактот дека не е актер) но сепак добивме глума која е прифатлива за ваков тип на филм.

Мораме да истакнеме дека самиот LeBron доби некаков минимален (но доволен)  Character Development, за разлика од првиот филм каде групата на Looney Tunes го побараа Michael Jordan да им помогне во нивниот кошаркарски натпревар, во овој филм Lebron се пронаоѓа во чудна ситуација каде при крајот на филмот ја разбира грешката и ги прифаќа одлуките на другите околу него.

На голем број гледачи не им се допаѓа фактот дека Bugs Bunny и LeBron James се најдоа во сцени од повеќе филмски франшизи (DC Universe, The Matrix, Mad Max, Harry Potter, Game of Thrones), сепак наше мислење е дека тие сцени беа убаво изработени и осмислени, со доста хумор и креативни моменти кои дефинитивно ни оставија голем впечаток (посебно со музиката која се поклопуваше со стилот на сцените) и не беа ниту малку исфорсирани. Од сите оригинални песни за филмот, се издвојуваат неколку навистина добри, сепак првиот филм имаше за класа подобри оригинални песни.

Врската помеѓу LeBron и ликовите од Looney Tunes беше сосема OK, ве очекуваат огромен број на Cameos од ликови, актери, кошаркари и спортски коментатори. Тимот Goon Squad беше интересно изработен според прочујни кошаркарски имиња иако не добивме многу од нивната хемија во филмот што малку беше разочарувачки. Актерката Zendaya доби многубројни критики дека нејзиниот глас не е за улогата на Lola, сепак супер звучеше иако во првиот дел Lola имаше поголемо значење и беше подобро напишана.

Главниот натпревар генерално беше добро изработен, иако темпото беше малку измешано, сепак тоа е натпревар во кој е главната кулминација во филмот. Добивме една многу интересна сцена на полувремето во соблекувалната на Looney Tunes која дефинитивно е шлагот на филмот.

Фамилијарна приказна која убаво ги опишува вистинските вредности на LeBron James и кошарката, добра хемија помеѓу ликовите на Looney Tunes, динамични моменти со многу изненадувања, филм во кој треба релаксирано да уживате без многу размислување.

‘Space Jam: A New Legacy’ не е реклама за Warner Bros и HBO Max!

5.8/10

(Оценка наменета за ваков тип на филм)

Сепак првиот дел (барем за нашата генерација) ќе остане супериорен, но за новите генерации ова ќе биде дефинитивно полн погодок!

P.S. Следниот Space Jam ќе биде со Лука Дончиќ! Mark my words!

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО