Konami моментално ја води трката против големиот конкурент EA, видео играта PES конечно станува бесплатна, додека пак Fifa се плаќа!
Јапонската компанија Konami официјално објави дека почнувајќи од есен 2021 година, фудбалската видеоигра PES ќе биде прекрстена во eFootball и ќе биде бесплатна за сите гејмери на PS5, PS4, Xbox Series X/S, Xbox One, PC, подоцна и за iOS и Android (во моментов нема информации дали ќе биде достапна за Nintendo Switch), само во дигитална верзија.
До зима 2021 година ќе биде овозможено и cross-platform играње за сите платформи (тие што ќе играат од мобилен против конзоли или PC ќе мора да користат џојстик за телефон). Моментално работат на балансирање со цел да има фер игра од помеѓу сите гејминг платформи.
eFootball ќе добие нов engine по сопствен дизајн, креиран на Unreal 4, од рана есен ќе бидат достапни 9 тимови со кои љубителите ќе можат да играат, понатаму сите модови, тимови и фудбалери редовно ќе се додаваат и надоградуваат, во моментов нема информации дали поединечни модови ќе се доплаќаат во форма на DLC, дали ќе бидат бесплатни или ќе треба еднократно да се купи Match-Pass.
Повеќе за видеоиграта ќе дознаеме кон крајот на август на Gamescom 2021.
#eFootball™ is on a path to change football gaming forever, and it doesn't stop at launch.
As an evolving platform, we will deliver regular updates and upgrades to players. Including more modes in the future.
Here's our first dev roadmap: https://t.co/5531iazNTu pic.twitter.com/g48vLxLD5z
— eFootball (@play_eFootball) July 21, 2021