Новиот договор помеѓу Disney и Sony ќе биде потпишан после само неколку месеци од премиерата на ‘Spider-Man: No Way Home’
- Во изработка е нова Spider-Man трилогија со Tom Holland во филмскиот универзум на Marvel
- Новата трилогија ќе се фокусира на универзитетскиот живот на Peter Parker
- Sony филмовите официјално ќе станат дел од филмскиот универзум на Marvel (Venom, Morbius и останатите идни проекти)
- Venom конечно ќе ги измери силите со Spider-Man како дел од филмскиот универзум на Marvel (а не како посебен филм на Sony)
- Нов Sinister Six настан со различни негативци од оние во ‘Spider-Man: No Way Home’
- Ќе добиеме нова франшиза за Miles Morales како дел од филмскиот универзум на Marvel
- Kevin Feige и Marvel Studios во моментов размислуваат како да ги маркетираат новите филмови за Miles со цел генералната публика да ги разликува двете Spider-Man франшизи
- Peter Parker и Miles Morales ќе бидат дел од crossover настани и дел од други самостојни филмови/серии во филмскиот универзум на Marvel
За останатите детали околу поделбата на трошоците и заработката во моментов нема информации, шпекулациите од минатиот договор се дека Sony заработува околу 80% од Box Office-от додека пак Disney 20% од секој Spider-Man филм во кој Marvel Studios има целосна креативна контрола. Треба да се напомене дека покрај можноста на Marvel Studios да го користат Spider-Man во други филмови, ги имаат и правата за продавање на играчки токму од Spider-Man филмовите.
Уште една гласина за следниот трејлер:
Tobey Maguire and Andrew Garfield are rumored to be showing up in the final shot of the next #SpiderManNoWayHome trailer, which will no doubt break the internet. (Via: @bigscreenleaks) pic.twitter.com/EwiqnDQgLy
— Binge Watch This (@BingeWatchThis_) September 28, 2021
Да се навратиме на видеото во кое поранешниот извршен директор на Disney ни објаснува како двете филмски студија се смириле и постигнале договор за трет Spider-Man филм:
Заслугата е на Tom Holland:
Spider-Man дефинитивно го чека возбудлива иднина во филмскиот универзум на Marvel!