ПочетокФилмовиCOMICS.MK: ‘Venom: Let There Be Carnage’ рецензија без спојлери!
COMICS.MK: ‘Venom: Let There Be Carnage’ рецензија без спојлери!
Избрзан, несоодветен, досаден, изработен со единствена цел да ја привлече пошироката публика.
Пред да седнеме на нашето столче во кино, очекувањата ни беа сосема мали, се надевавме дека во најмала рака ќе искусиме солидна динамика (и тепачка) помеѓу двата извонредни негативци од стриповите на Marvel.
За жал бевме разочарани…
Филмот има времетраење од само 1 час и 37 минути па токму поради тоа сите нови ликови и случувања се чувствуваат избрзано.
‘Venom: Let There Be Carnage’ наликува на суперхеројски филм од деведесеттите, едноставна и исфорсирана приказна која уште од самиот почеток води до главната тепачка, без никакви пресврти, без многу логични моменти и без да се даде време настаните да се развијат на природен начин.
Кога станува збор за Cletus Kasady (Carnage) едноставно немавме доволно време да се соживееме со ликот, неговите убиствени намери во некои моменти беа неразбирливи. Актерот Woody Harrelson добро ја одглуми својата улога на сериски убиец.
Carnage доби избрзана origin приказна која е многу слична со стриповите но за жал немаше доволно време да се навлезе малку подлабоко во неговите симбиотски чувства/размислувања. Визуелно изгледаше одлично но сепак ни фали многу повеќе од еден таков извонреден негативец.
Актерот Tom Hardy одлично ја одработи својата улога, блискоста помеѓу него и Venom продолжува да биде симпатична и препознатлива. Ќе забележите во филмот дека ликот на Venom е претерано смешен и неговите постапки се како на ,,мало дете” за разлика од стриповите каде е страшен, морничав и без многу шеги во неговото зборување.
Ликот (од Marvel стриповите) Shriek не ни остави голем впечаток, глумата од актерката Naomie Harris беше прифатлива но карактерот едностано не беше интересен, настрана од нејзините супермоќи.
Визуелните ефекти во повеќето сцени беа одлични, главната тепачка помеѓу Venom и Carnage беше многу подолу од нашите очекувања бидејќи на моменти беше тешка за следење и немаше толку креативни сцени кои ќе ја направат да биде Iconic. Очекувавме многу повеќе од средбата на двата застрашувачки симбиоти…
Палетата на бои во филмот беше претерано темна и неколку сцени беа засенети токму поради тоа. Дефинитивно ова не треба да биде PG-13 филм, со вакви смртоносни негативци како Venom и Carnage очекувавме повеќе крв, јадење глави и брутални сцени. За жал сите тие елементи беа прикриени или покажани на минимален начин.
Останатите ликови во филмот беа неодредени, не толку смешни и брзо заборавени.
After-Credits сцената беше најголемото возбудување во филмот, без да објавуваме спојлери, тоа што се случи ветува доста работи за иднината и конечно Venom стана посериозен, но за жал таа иднина не е блиска (исто така еден елемент во сцената немаше логика). Останува да дискутираме подетално кога повеќето ќе го изгледаат филмот.
5/10