Disney конечно си ги враќа филмските права од Universal Studios, новиот проект ќе започне со продукција во 2022 година!
She-Hulk е следен но не и единствен проект во кој ќе го видиме Bruce Banner!
Официјалниот медиум GWW со нова гласина која сугерира дека во 2022 година Marvel Studios ќе започнат со продукција на нов соло Hulk филм базиран на епската приказна од стриповите, World War Hulk.
Филмот нема да биде целосна адаптација на стрипот но се шпекулира дека ќе биде главна инспирација. Настаните ќе се одвиваат на посебна планета во која има војна помеѓу Hulk-ови за глобална доминација (подолу можете да прочитате повеќе за приказната од стриповите). Во моментов нема информации дали ќе биде Prequel или Sequel.
Проектот официјално ќе биде најавен во She-Hulk, серија со 10 епизоди ексклузивно за стриминг платформата Disney+ која ќе дебитира во текот на 2022 година. Секоја епизода ќе има времетраење од околу 30 минути, по жанр ќе биде акција, авантура, комедија. Актерката Tatiana Maslany ќе биде во главна улога адвокатката Jennifer Walters која ќе се здобие со супермоќи (не ви откриваме како).
Потврдено е дека Bruce Banner (Hulk)и Emil Blonsky (Abomination) ќе бидат дел од серијата во која настаните ќе водат до новиот филм.
До овој момент Marvel Studios имаа право да го користат Hulk само како дел од Avengers проекти без право да изработат соло филм за карактерот. Филмските права за соло филм беа сопственост на Universal. Според гласините на почетокот на 2020 година кој велеа дека филмските права на Hulk се вратени назад кај Marvel Studios, испаднаа точни. Ова им овозможува на Disney да изработуваат проекти како She Hulk и после цели 13 години втор самостоен Hulk филм.
Иако не знаеме многу за филмот, покрај најавената продукција за 2022 година, според наша претпоставка филмот ќе дебитира кон крајот на 2023 година или почетокот/средина на 2024 година. Како и секогаш, овие датуми можат да се променат, особено со постојано променливата состојба на Hollywood.
Што се случува во World War Hulk ?
World War Hulk е популарна приказна од стриповите објавена од мај до ноември 2007 година. Таа служи како продолжение на друга популарна приказна за Hulk, Planet Hulk, делумно адаптирана во филмот Thor Ragnarok во 2017 година. Приказната се фокусира на Hulk кој се враќа на Земјата барајќи одмазда, откако беше протеран од The Illuminati за кои исто така се зборува дека ќе се појават во второто продолжение на Doctor Strange. Во моментов не е познато дали овој филм ќе се поврзе со Marvel’s Illuminati, за кои се шпекулира дека ќе се појават во Doctor Strange and the Multiverse of Madness. Се што знаеме за сигурно е дека настаните ќе бидат поврзани She Hulk.