Грижа, љубов, лојалност, предавство, одмазда, разбирање – со еден збор, ФАМИЛИЈА!
Пред да започнеме со нашата рецензија, покрај споменувањето на Superman во Marvel филм, се споменува и Македонија во една кратка сцена кога Sprite му вика на Kingo:
you abandoned me in macedonia
Луѓето во кино салата беа позитивно изненадени!
Филмот (а и ликовите во него) би го опишале како различен, необичен, чудесен, моќен, храбар, огромен и најважно од се, човечки! Со сигурност се разликува од сите останати Marvel Studios проекти, комбинација од нов тип на карактери, извонредна кинематографија на Chloe Zhao, различен начин на раскажување на една комплексна (но сепак едноставна) приказна и одлуки кои вреди да се проучат!
ETERNALS е приказна за една комплексна фамилија во која секој член има различни размислувања, моќи и аспирации во својот преодреден живот. Дознавајќи ја вистината за нешто многу поголемо од нивните животи, секој треба да донесе сопствена морална вредност за која значително ќе направи разлика во широкиот универзум.
Конечно е прикажана приказна која е оригинална и уникатна, дури и вие ќе се запрашате која е правилната одлука, има за што да се дискутира!
Оскаровата режисерка Chloe Zhao е позната по нејзиниот естетски убав стил на кинематографија, снимање на вистински локации ширум светот и раскажување на приказна паралелно преку сцени од сегашноста и минатото. Сите настани кои беа прикажани во минатото имаа посебно значење, додаваа на приказната и емоциите во сегашноста, а покрај тоа беа релативно кратки и лесни за следење!
Интересен факт е дека голем дел од сцените во филмот се инспирација токму од Dune, режисерката Zhao имала прилика да го гледа филмот скоро една година порано на затворен филмски фестивал.
Различните моќи и способности на секој Eternal ја прави акцијата интересна во комбинација со одличните визуелни ефекти. Композициите од страна на Ramin Djawadi се добри иако би било многу по ЕПСКИ доколку музиката беше компонирана од легендарниот Hans Zimmer (композитор на Dune) кој преку неговото искуство и талент уште подобро би го доловил масивниот космички свет на Eternals.
Секој од вас ќе има омилен Eternal со кого најмногу ќе се приврзе, лично мој (Давид) е Kingo бидејќи најмногу се согласувам со неговите одлуки а омилени моќи на Eternal ми се дефинитивно на Makkari која е speedster и за прв пат способностите на еден ваков карактер што трча брзо се доловени во real-time наместо во slow-motion!
Многу елементи се пресликани од стриповите на Jack Kirby, посебно кога станува збор за Celestials кои се опишани како една огромна, мистериозна и застрашувачка космичка сила. Сцените со нив едноставно беа за ежење…
Секој Eternal си добива свој момент во кој ќе ги разберете нивните чувства и верувања, буквално секој(а) од нив си има посебна одлика по која е препознатлив(а).
Расата на Deviants беа послабиот дел од филмот иако нивното присуство имаше логика, сепак нивниот алфа Deviant Kro беше еднодимензионален караткер кој немаше никаква спецјална одлика по која би го запаметиле. Ќе напоменеме дека во филмот беше опишана една поинаква приказна која нема потреба од главен негативец, токму затоа настаните сами по себе ни оставија огромен впечаток без да обрнеме внимание на Kro.
Lauren Ridloff (Makkari) му дава живот на првиот глув суперхерој во филмската индустрија, низ текот на целиот филм таа разговара со помош на знаковен јазик а во вистински живот е навистина глува.
TONIGHT, it’s time to meet the Eternals! See Lauren Ridloff introduce Marvel Studios’ #Eternals speaking American Sign Language and experience the film only in theaters! Get Tickets Now: https://t.co/RilTsyZ1Ih pic.twitter.com/3H4TARvOUC
— Marvel Studios (@MarvelStudios) November 4, 2021
Многу критики беа разочарани од ликот на Thena (Angelina Jolie) но според тоа што го видовме ние, нејзиниот лик е опишан со една клучна одлика која низ текот на филмот добива сосема доволен character development, дополнително на тоа, кога ја гледаме во акција е навистина BADASS!
Гледаме една преубава група од разновидни актери кои си ја завршија задачата на врвно ниво и мора да истакнеме дека секој од нив е погоден за улогата.
ETERNALS трае 2 часа и 37 минути, дејството во одредени делови е бавно, во одредени е брзо но во ниту еден момент не е досадно, се чувствува голема неизвесност и притисок низ текот на настаните со голем број на пресврти и неочекувани моменти!
Добиваме две возбудливи Post-Credits сцени со изненадувања кои ќе ви ги октриеме во друга статија.
Со сигурност можеме да ви гарантираме дека ова е поинакво искуство, еден од најголемите проекти во овој филмски универзум, променета равенка од вообичаените Marvel Studios филмови.
Конечно добиваме нешто ново, си одиме од кино салата со чувство дека сме гледале нешто свежо и различно.
Четвртата фаза на Marvel Studios има големи ветувања со уште поголем потенцијал кој до овој момент успеваат да го исполнат!
8.5/10
Искрено не знаеме зошто голем дел од критичарите го оцениле лошо, нема никаква основа за такво нешто.
Проценете сами!