Најновото издание во светот на диносаурусите ќе биде достапно од 10-ти јуни, 2022 година.
Во режија на Колин Тревороу, овој оригинален 5-минутен пролог на Jurassic World Dominion ја навраќа публиката 65 милиони години во минатото, пред да постои човековата раса.
Доживуваме и сцена од сегашноста во која диносаурусите се дел од луѓето.