Огромен избор на видеоигри за прифатлива месечна цена? Стримингот тукушто започна во Гејминг индустријата!
Xbox Game Pass е новиот тренд за скоро сите гејмери, видеотека со повеќе од 100 високо-квалитетни видеоигри за само $9.99 месечно (или $14.99 за повеќе наслови).
Придонесот кон овој тренд се должи на ТРИ клучни фактори:
- Накачени цени на сите видеоигри за новата генерација на конзоли
- Огромната палета на видеоигри кои ги нуди Game Pass-от
- Прифатлива месечна цена која најмногу придонесува за сите Casual гејмери
Се шпекулира дека Sony веќе се во напредна фаза на изработка на сопствен Game Pass кој ќе има цел да ја зацврсти PlayStation доминацијата на пазарот.
Медиумот Bloomberg ни пристига со информации за тајни документи околу новиот стриминг проект на Sony со продукциски наслов SPARTACUS.
Стриминг опцијата ќе биде поделена во ТРИ сегменти:
- Тие што имаат PlayStation Plus поени (можност за онлајн) ќе продолжат да добиваат избор на бесплатни видеоигри секој месец.
- Претплата на Game Pass кој ќе содржи огромен број на видеоигри (скоро сите наслови од Xbox Game Pass кои се достапни за Playstation и PC + сите изминати PlayStation ексклузиви).
- Трета и најскапа претплата, Game Pass + ексклузивни (и продолжени) демо видеоигри и хит наслови од PS1, PS2, PS3 и PSP.
Овој стриминг проект се очекува да го доживее своето деби во пролет 2022 година, ќе биде именуван PlayStation Now!
PlayStation Plus ќе си остане, додека пак името на стриминг услугата е со цел да се изгради препознатлив бренд.
Microsoft бележи повеќе од 18 милиони претплатници на Xbox Game Pass од почетокот на неговото лансирање во 2021 година заедно со новата генерација на конзоли.
PlayStation е конзола која е различна од другите само поради квалитетните ксклузивни наслови.
Со ова ќе додаде еден нов слој на гејминг искуството и дефинитивно ќе биде најконкуретната конзола на пазарот.
Останува да видиме!