Денес е четврток, 12 декември 2024
ПочетокФилмовиSpider-Man: No Way Home - COMICSMK рецензија без спојлери!

Spider-Man: No Way Home – COMICSMK рецензија без спојлери!

Ремек дело кое ќе ви пробуди секакви емоции, филм кој ќе биде запишан во историјата!

Со самото влегување во кино сала, се чувствуваше возбуда која не може да се опише со зборови, низ текот на филмот атмосферата беше електрична (дерење, плачење, смеење, апалудирање).
Дали се исплатеше чекањето и нетрпеливоста за која сите бевме вознемирени оваа година?
Со сигурност можеме да кажеме едно големо ДА.
Филм кој е завршница на една прекрасна трилогија во филмскиот универзум на Marvel со кулминација од две декади на оваа извонредна франшиза.
Убедливо најдобриот Spider-Man филм на сите времиња.
Приказна со големо срце, тага, сила, одговорност и судир со реалноста! Влегуваме во мултуверзумот кој ни носи свежина, страв, шанса и стотици прашања за кои ни треба одговор. Секоја секунда од овој филм е исполнета со нешто значајно, судирот на вредности со кои се соочува Peter Parker се главната причина зошто Spider-Man е еден од најпопуларните суперхерои во историјата.
Крајната порака е моќна, носи големо задоволство, вистинска завршница на Homecoming трилогијата во која Peter прераснува од дете, во искусен суперхерој!
Character Development-от на Peter, MJ и Ned е одличен, низ текот на сите филмови може да се осети напредок, нивната хемија е навистина фантастична.
До овој момент, немало успешен Spider-Man филм во кој имало повеќе од еден (голем) негативец, Spider-Man No Way Home го промени тој факт! Буквално сите негативци добиваат препознатлива и заслужена улога, некои повеќе од други, нешто за кое само Kevin Feige е способен да го изработи. Norman Osborn и Doctor Otto Octavius можеме да ги издвоиме како најдобри.
Целата актеркса екипа е на врвно ниво (Jamie Foxx, Alfred Molina, Zendaya, Ned, Benedict Cumberbatch), прекрасна глума исполнета со силни емоции, дефинитивно најдобрата изведба на Tom Holland (глума, акција, каскадерски трикови). Willem Dafoe уште еднаш ги докажува неговите способности за глума, Green Goblin е доловен на морничав, луд, чуден и невкусен начин, неговата изведба токму во овој филм е нешто кое ќе се памти!
Присуството на Doctor Strange е оправдано, интересно и доста добро осмислено, со одлична динамика помеѓу него и Peter.
Визуелните ефекти буквално во секоја сцена се спектакуларни (достојни за Оскарова награда), посебно моментите со Doctor Strange не оставија без зборови.
Кинематографијата не остави со отворени усти, имаше сцени кои ни даваа налик како да го гледаме Blade Runner, со сигурност можеме да кажеме дека акцијата беше најдобра од сите Spider-Man филмови, буквално имаше брутални сцени. Jon Watts извонредно си ја врши својата режисерска улога.
Музичките композиции се број еден изведба до овој момент во кариерата на Michael Giacchino (кој ќе биде главниот композитор на The Batman), единствена замерка е за една одредена сцена за која си замислувавме дека ќе звучи поЕПСКИ.
Изенадувањата се застапни на секој чекор, ќе Ве натераат да рипнете од вашето седиште, кино искуство кое се случува еднаш во генерација (или два пати заедно со Endgame), вакви моменти вредат да се доживеат во кино сала полна со луѓе!
Ваков тип на storytelling е возможен само во филм на Marvel Studios, во универзум кој е веќе изграден, стабилни ликови кои сме навикнати да ги гледаме секојдневно со ризик кој се исплати до секој можен детал!
Сите овие моменти на Spider-Man во филмскиот универзум на Marvel се благодарение на фановите, соработката на Kevin Feige (Marvel Studios) и Amy Pascal (Sony Pictures), режисерот Jon Watts, сите вложени актери и филмска екипа која напорно работи на невозможните желби, да станат реалност!
Како дел од Avengers, Spider-Man низ изминатите години се соочи со многу предизвици, морални прашања, виолетови вонземјани во вселената и тукушто започнат хаос во мултиверзумот.
Ова значајно партнерство кое започна во 2015 година навистина ги надмина нашите очекувања, со нетрпение ја чекаме новата трилогија која е во изработка од страна на Marvel Studios и Sony Pictures!
Tom Holland го заслужи своето место во најдобриот Spider-Man филм на сите времиња.
Homecoming трилогијата доби вистинска завршница, токму со Spider-Man: No Way Home.
Двете Post-Credtis сцени се ЛУДИ!

9.6/10

Вчерашната (16.12.2021) премиера во Cineplexx е најпосетувана филмска премиера на Балканот со продадени 1315 билети (19 кино сали целосно распродадени)! Рушиме рекорди, браво дечки!

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО