Денес е недела, 22 декември 2024
ПочетокГејмингUncharted - Рецензија без спојлери!

Uncharted – Рецензија без спојлери!

Новиот филм на Sony треба да се класифицира како инспирација а не адаптација од популарните видеоигри на PlayStation.

Едно нешто е сигурно, филмските адаптации од популарните видеоигри никогаш не завршуваат добро.

Зошто е тоа така?

Uncharted видеоигрите се оригинални со доста проучен материјал, адреналинска акција, огромен број авантури и древни градови, искуство кое може да се доживее само со играње.

Во нашата рецензија споредуваме одлики и елементи кои ги има во видеоигрите а се голем недостаток за филмот.

Uncharted': collection of all five games to come to PC

Во филмот се проучуваат слични но сепак различни карактеристики на Nathan Drake со цел да долови нов, невиден аспект на ликот.

Доста помлад и неискусен, без предзнаење како се завршува една масивна авантура. Токму затоа има простор за понатамошен Character Development како што е истакнато во неколку моменти.

Актерите Tom Holland и Mark Wahlberg прикажуваат интересна динамика иако нивните карактери во видеоигрите (Nathan Drake и Victor Sullivan) се различни според две нешта: нивната старост (мустаќот на Sully) и во одредени карактерни особини.

Uncharted (2022) - IMDb

The original Nathan Drake doesn't think Mark Wahlberg should play Sully in the Uncharted movie | GamesRadar+

Акцијата во скоро сите моменти е добра и убава за гледање иако сметаме дека можеше да има повеќе динамични и креативни сцени снимани од различни агли.

Музичките композиции во филмот кои имаа елементи од видеоигрите беа навистина мили за слушање.

Авантура која е прикажана на едноставен начин, поентата која пробуваат да ја раскажат навистина вреди но сепак се чувствува веќе видена на многу поубав, опширен и мистериозен начин. Приказната за изгубеното богатство е скоро иста како еден дел од видеоигрите, скратена и избрзана во филм од 2 часа.

Издвојуваме една дискусија помеѓу Nathan и Victor која навистина беше перфектно одглумена од стана на Holland со доста силни емоции. Во останатиот дел од филмот недостасуваа повеќе емотивни моменти кои би можеле дополнително да дадат Character Development.

Оваа млада верзија на Nathan за жал не може да се спореди со постарата верзија од видеоигрите во која има подлабоки карактерни слоеви со поголемо искуство и одговорност кон неговите блиски и сакани личности.

6.6/10

Филм кој лесно се заборава, без никаква иновативност во авантуристичкиот жанр, со исклучок на неколку моменти кои ќе ги паметиме благодарение на талентираниот Tom Holland.

Во прилог споделуваме Uncharted Fan-Film кој навистина е квалитетен и посветен кон материјалот од видеоигрите:

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО