The Batman апсолутно ги надмина нашите (веќе превисоки) очекувања, една од најдобрите Comic-Book адаптации на сите времиња!
Вовед кој перфектно ги доловува мрачните улици на Готам, нанесувајќи страв, тензија и несознание со конечна вредост наречена ОДМАЗДА.
It’s not just a signal, it’s a warning…
for them
Тонот, темпото и дејствијата уште од самиот почеток се во константна хармонија, буквално секоја сцена се чувствува природно и потребно.
Noir филм кој буди едно невидено искуство, целосно ќе се внесете во дождот, прегорените неон светла со депресивна атмосфера која е производ на корупција и криминал. Едноставно Готам е преубав, поинаков свет на перфектен баланс од естетски-Gothic стил како оној на Tim Burton со урбани елементи на модерен град слично на режисерот Nolan.
Детективска приказна која носи голем товар, секој карактер се развива во вистински правец со вредности кои се опишани на уникатен, едноставен но во исто време и комплексен начин. Тематски богата приказна која дава простор за уште многу возбудливи настани во светот на Matt Reeves.
Првите години на Бетмен се навистина возбудливи!
Дали сте знаеле дека голем дел од сцените се снимани во Liverpool и Chicago со цел да се долови таа мешавина на два елементи кои се клучни за градот.
Визуелно уживање со практични и визуелни ефекти кои се изработени без грешка. Едно големо БРАВО за тимот зад маската на Colin Farrel, доловен е оној гаден изглед, Пингвинот е отсликан токму така како што заслужува!
Дали ова е најдобрата филмска верзија на Бетмен?
Едногласно ДА!
Еден поинаков Бетмен кој е преточен директно од стриповите, конечно се прикажани детективските елементи кои се главен атрибут за неговиот лик со реални вредности кои носат голема тежина и длабоки слоеви на неговиот карактер. Стилот на тепање кој Бетмен го поседува е реален, брутален, соодветен и вешт, токму така се планирани и тепачките со цел да се изразат елементите на пропустливост и лимит.
Robert Pattinson заслужи да биде на подиумот преку неговата прекрасна глума полна со емоции. Перфектниот Бетмен во контраст на сериозен, заборавен, лут, гневен Bruce Wayne, на моменти не се гледаше разлика помеѓу двата идентитети, токму така како што треба. Мораме да истакнеме едно нешто, Zoe Kravitz е навистина фантастична, родена за улогата на Selina Kyle (Catwoman) заедно со Jeffrey Wright кој навистина е одличен избор за James Gordon. Динамиката помеѓу Batman-Catwoman и Batman-Gordon е погонот на филмот. Ликот на Carmine Falcone и целата негова мафија ни шмек на Godfather, соодветно се вклопува со темата на филмот. Конечно стигнавме до негативецот, The Riddler! Пораката која ја испраќа е навистина моќна, вистинска и реална. Морничав сериски убиец кој преку спектакуларната глума на Paul Dano е доловен тој загрозен психолошки момент кој во стриповите е препознатлива кај повеќето негативци од галеријата на Бетмен. Вистинско ЕЖЕЊЕ…
Воведот на Bat Mobile-от и Car Chase-от ќе Ве остави на работ на вашите седишта, експлозивна, напната брканица во која се користени практични ефекти.
Режисерот Matt Reeves го промислил секој можен детал заедно со кинематографијата од страна на Greig Fraser која заслужува Оскарова награда! Аглите од кои се снимани одредени сцени се необични, реални и точно ни ги доловуваат сите потребни моменти.
Немаме зборови да Ви опишеме на какво ниво се музичките композиции (со монтажа на истите), преку нив моментите на мистерија, бруталност, тензија, страв, тага, надеж и пожртвуваност се погодени до највисок можен степен. Звукот директно се преточува во тоа што треба да чувствуваме, маестрална работа на Michael Giacchino, дефинитивно број еден од неговата богата кариера.
Уште еднаш се докажува зошто Бетмен е безвременски херој, филмот прикажува созревање кое за многу фанови ќе донесе комфорт, но во исто време и сила за нови предизвици. Опис на една реална, тажна и комплексна поента од која сите може да научиме.
10/10
The Batman е предвиден само за во кино!
Огромен број на фанови дискутираат околу прашањето дали ова е најдобриот Бетмен филм, дури подобар и од The Dark Knight (2008)?
Го имаме соодветниот одговор на оваа дебата. Многу е тешко да споредиме два тотално различни филмови (иако се работи за истиот карактер). Кога станува збор за comic-accuracy, без никаков збор убедливо ова е филмот кој го зазема првото место. Трилогијата на режисерот Christopher Nolan е друг, заемно неспоредлив стил на тема, тон, режија, приказна, кинематографија, покрај тоа comic елементот е многу послабо застапен во неговите филмови. Доколку сакате епска приказна со модерен стил, тука е The Dark Knight, доколку сакате детективски Бетмен со реални-стрипски елементи и Vintage-Noir Готам, тогаш тука е The Batman на Matt Reeves.
Факт е дека двата Бетмен филмови се рамо до рамо и токму поради тоа треба да бидеме среќни што дочекавме уште еден ваков успешен проект од страна на Warner Bros.
Филмовите на DC се докажаа во нивното најдобро светло, дефинитивно не треба да ги следат или копираат другите филмски студија, уникатноста на овие проекти лежи во посветеноста на режисерот како и органските вредности за карактерот кој е доловен. Секој суперхеројски филм може да биде различен од вообичаената равенка!
Иако Бетмен светот на Reeves е доста мрачен, сепак го чека светла и богата иднина.
P.S. Има едно изнанадување во The Batman за кое никој не е спремен…