Режисерот Johannes Roberts ни открива повеќе детали за филмот
Покрај многуте ‘Resident Evil’ филмови со добро познатата актерка Mila Jovovich низ последните две декади во исчекување е новиот Reboot филм кој ќе даде голема свежина и малку поинаков тон. Ако добро се сеќавате франшизата потекнува од јапонските action-horror зомби игри на Capcom па токму затоа Sony реши да даде зелено светло на еден тотално нов филм кој е закажан за 24ти Ноември 2021 година со насловот “Resident Evil: Welcome to Raccoon City,,.
Режисерот Johannes Roberts ни открива повеќе информации за филмот:
“Филмот ќе биде Origin приказна за ‘Resident Evil’, Raccoon City како град ќе има голема улога и дури ќе се чувствувате како да е посебен лик во филмот, фокусот е на една група луѓе која судбината ги спојува во една мрачна вечер, секој од нив ја гледа и ја преживува апокалипсата од посебни агли бидејќи потекнуваат од различни места, некои од нив живеат и се пораснати во градот а некои од нив доаѓаат надвор од него.,,
“За мене една од големите одлики за филмот е тонот, инспирацијата ми дојде од игрите кои беа страшни како да си во пеколот па токму и таква е атмосферата, постојано врне, гадно е, мрачно е и потоа се меша со една забавна страна, слично на првата игра.,,
“Решивме да изработиме тотално нова Origin приказна базирана на корените од играта и светот на хоророт, голем фан сум на Mila Jovovich во првите филмови но вистинско задоволство е да работам на тотално нова приказна која би сакал да биде нешто самостојно.,,
Режисерот дополнително изјавува дека преработената игра од 2019 година (‘Resident Evil 2’) е голема инспирација за тонот и атмосферата во играта.
Филмот е предвиден за 24ти Ноември годинава а ќе глумата следниве актери: Kaya Scodelario, Robbie Amell, Hannah John-Kamen, Avan Jogia, Tom Hopper, Lily Gao, Neal McDonough и Donal Logue.