Денес е четврток, 12 декември 2024
ПочетокФилмовиЌе го гледаме Doctor Strange in the Multiverse of Madness во IMAX...

Ќе го гледаме Doctor Strange in the Multiverse of Madness во IMAX – Дознајте за сите кино технологии/формати

Дознаваме повеќе за RealD 3D, IMAX, Screen X и Dolby Cinema.

Тимот на Комикс МК ќе го искуси Doctor Strange in the Multiverse of Madness еден ден пред сите (со премиера на 4-ти мај) во IMAX формат, благодарение на новата кино сала на Cineplexx во Белград!
Потврдено од Marvel Studios, второто издание на Doctor Strange е снимано во IMAX формат уште од првата, па се до последната сцена од филмот.
За прв пат во нашите животи ќе гледаме филм во оваа технологија, во огромна кино сала со дури 26% повеќе слика, нашето искуство ќе го споделиме на социјалните мрежи преку слики/видеа и ќе бидеме први кои ќе објавиме мислење без спојлери.
Не ја забораваме и извонредната премиера на Cineplexx MK со Вас (верните фанови). Ќе следат големи изненадувања, одлична организација а реакциите ќе бидат со уште повеќе децибели од премиерата на Spider-Man: No Way Home!
Кратко инфо за технологиите со кои се служат кино салите на нашите пријатели од Cineplexx MK:
Има неколку кино сали што имаат техничка подготвеност за 4K проекции, сателитски преноси во живо на алтернативна програма (опера, балет, концерти, театарски претстави и слично) dolby surround sound system.
Сите сали имаат 3Д, проекторите се дигитални иако имаме и 2 сали кои се дополнително оспособени за аналогни проекции (филмска лента).
Наскоро ќе доделиме билети за премиерата во четврток (05.05) во Cineplexx MK а дополнително следуваат изненадувања на настанот во кино!
Време е да научиме нешто повеќе за четирите главни кино-формати:

RealD 3D

Кај RealD 3D технологијата имаме очила кои се со т.н. кружна поларизација која спречува влошување на квалитетот на сликата во моментите кога ја движите главата. Исто така, за да функционираат овие очила, за проекциите на филмовите се користи специјален т.н. сребрен екран.

IMAX

Можеби и најпознатата од сите, IMAX технологијата која со својата почиста слика, со поголема резолуција и исто така, подобар звук, е за класа погоре од стандардната. IMAX искуството нуди шест пати поголемо платно кое е дизајнирано да дава одличен квалитет без разлика на тоа во кој дел од киното седите. Освен ова, проекцијата се врши преку два проектори. За еден филм да може да има проекција во IMAX, тој треба да е наменски изработен за тоа со посебни камери. Гледачите може да искусат дури 26% повеќе слика.

Screen X

Следно, Screen X форматот преку кој филмот го гледате во поширока слика (270 степени) која е проектирана на три платна, преку пет проектори. Во кината овие филмови стигнуваат во два дела. Главниот дел е проектиран на главното (средното) платно, а споредните делови се проектирани на страничните платна.

Dolby Cinema

И за крај, да ја разгледаме и Dolby Cinema технологијата. Таа нуди поголем екран од стандардната, но тоа што ја прави уникатна се 4K ласерските проектори. Со овие проектори се добива многу почиста слика, со подобра светлина, бои и контраст. На ова е додадена и Dolby Atmos аудио – технологијата која нуди врвен 3Д surround звук со помош на 64-те звучници низ целото кино.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО