Денес е четврток, 12 декември 2024
ПочетокСерииРецензија без спојлери за новиот ТВ хит на Marvel Studios - Moon...

Рецензија без спојлери за новиот ТВ хит на Marvel Studios – Moon Knight

Необичен проект кој се разликува од сите други, по жанр авантура, историја, фантазија (со ситни хорор елементи), психологија и мистичен египетски свет кој е прикажан на доста уникатен начин.

Комплескниот Marc Spector и сите негови идентитети придонесуваат кон уникатноста и различноста на карактерот која за прв пат е претставена на филмска (телевизиска) сцена.
Oscar Isaac ги истакнува неговите актерски способности на врвно ниво, глумата на сите негови идентитети е препознатлива, досетлива, посветена, интензивна и уште од самиот почеток можете да се поврзете и зближите со двата идентитети и нивните алтер ега токму поради генијалната изведба на актерот а во исто време да се чувствувате како да гледате два тотално различни актери во две тотално различни улоги.
Идентитетот на Steven Grant е тотално различен во стриповите (во кој е милијардер) сепак во ТВ серијата носи една посебена оригиналност и шарм кој е мил, паметен, несигурен, уплашен, смешен и нежен. Прав господин!
Негативец кој беше добро и смирено опишан, со мотиви кои се разбирливи но сепак неговата улога ќе остане просечна во споредба со најдобрите негативци во овој универзум.
Секоја епизода е засебна но во исто време меѓусебно поврзана (дејствата и случувањата се разликуваат во секоја од нив), добиваме една доста комплексна, динамична, мистична, епска, фантастична, историска па дури и депресивна приказна. Темпото е сосема природно, без спори и без избрзани моменти, во секоја епиздоа се открива ново нешто и се продлабочува character development-от иако мислиме дека една до две екстра епизоди ќе донесеше малку подруг шмек (ќе додадеше простор за големото финале).
Во многу моменти може да препознаеме доста значајни вредности, кои започнуваат од траума, вистина, одговорност, предрасуда, предавство, жртва, контрола и најбитно од се, ментално здравје (од голема значајност за секој човек). Се соочуваме со Mind-Bending и доста чудни сцени и епизоди за кои се есенцијален дел од Moon Knight стриповите на Marvel.
Костумите се апсолутно извонредни и преубави за гледање, изработени до секој можен детал кога станува збор Moon Knight како и шминката која беше нанесена на одредени ликови. Акцијата е доловена сосема добро, во неколку наврати се истакнати потези од боречки вештини кои даваат cool, паметен и брутален осврт. Визуелните ефекти се сосема OK, во неколку сцени може да се примети дека не се целосно довршени а во други пак може да се примети дека се изработени навистина спектакуларно.
ТВ серија која носи нова свежина во филмскиот универзум на Marvel, еден доста развиен почеток кој ветува големи можности за иднината на овој карактер. Египет, нивните богови и целата култура станува значаен дел од овој филмски универзум, претставена на малку поинаков начин кој е различен (но сличен) на описите во древната митологија, заедно со боговите кои се доловени баш онака како што доликува за Marvel.
Трите режисери Mohamed Diab, Justin Benson, Aaron Moorhead во секоја од нивните епизоди завршуваат одлична работа, убава координација на сцени, разбирлив (и во моменти намерно збунувачки) тек на дејства, интензивни сцени со зачудувачки добра кинематографија (Gregory Middleton и Andrew Droz Palermo).
Финале кое има доста возбудливи моменти, масивни тепачки, доста satisfying моменти и донекаде предвидлива завршница. Post-Credits сцената е директно пресликана од стриповите и е можеби најдобриот дел во финалето, со нетрпение чекаме да видиме како ќе се развива дејството понатаму (можеби втора сезона или во некој од следните филмови).
Со нетрпение чекаме да ја видиме иднината на Moon Knight за која има уште многу непроучени приказни и скоро бесконечен character development. Дефинитивно најкомплкесниот карактер во филмскиот универзум на Marvel!
Почеток кој ќе се памети по различните идентитети, глумата на Oscar Isaac, египетските богови и извонредниот костум во комбинација со акционите моменти. Може да се забележи огромен потенцијал а сигурни сме дека ќе биде реализиран во следните неколку години со сопствен и групен (Midnight Sons) проект на Marvel Studios.

8.3/10

*За тие што сте пропуштиле, Македонија е дел од ТВ серијата Moon Knight, дознајте многу повеќе ТУКА.

Дали сте знаеле дека во некоја од епизодите требало да има сцена со навраќање во антички египет заедно со присуството на неколку Eternals но за жал немале доволно буџет, филмскиот продуцент Jeremy Slater објавува:

“I tried very hard to get the Eternals into the show, just because I’m buddies with Kumail Nanjiani… I want[ed] some Kingo. At one point, there was a flashback on the page that sort of showed one of Khonshu’s Avatars back in ancient Egypt, sort of dealing with Ammit being locked away, and Alexander the Great, and all of that stuff. You sort of saw this Avatar team-up with the Eternals. It was a really fun scene, but again, it was so massively expensive to recreate Ancient Egypt, to sort of bring in 3 or 4 of the Eternals to have this big action sequence.”

“It was one of those things where it was a very fun scene, and it would have been a great cold open to one of the episodes, but it also would have had to come out of our budget somewhere else, and probably would have hurt our finale along the way. So, that was the cameo I had to cut. It hurt, but it was also the right thing to do for the show, and I think everyone sort of collectively agreed. There’s plenty of time in the future to team this guy up with other characters in the MCU and start building these connections; let’s not force something just because the other shows have all had it.”

 

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО