Компанијата Sony продолжува со креирање на live-action верзии на нивните видеоигри, а овојпат тие се God of War, Horizon и Gran Turismo.
Уште во 2019-та година, почна со работа PlayStation Productions, студио преку кое Sony ќе изработуваат серии и филмови со тематики инспирирани од нивните ексклузивни видеоигри. Директорот на студиото, Shawn Layden, тогаш изјави дека инспирацијата за оваа идеа биле Marvel Studios и филмовите кои се базирани на нивните стрипови. Тој го кажа следново:
“We’ve got 25 years of game development experience, and that’s created 25 years of great games, franchises, and stories. We feel that now is a good time to look at other media opportunities across streaming or film or television to give our worlds life in another spectrum.”
Во февруари оваа година дебитираше и првиот филм на PlayStation Productions, „Uncharted“, кој имаше вкупна заработка од 400 милиони долари.
Денеска, претседателот на Sony, Jim Ryan ги најави и најновите проекти на PlayStation Productions, а според информациите:
-
„God of War“ ќе биде изработувана за Amazon (каде веќе во изработка се „Fallout“ и „Mass Effect“ ТВ серии)
-
„Horizon“ ќе имаме можност да ја гледаме на Netflix (каде веќе ги гледавме „Arcane“ и „Castlevania“)
-
Платформата на која ќе биде емитувана „Gran Turismo“ е сеуште непозната.
Sony IR – 3 positives in the presentation 1) Horizon (Netflix), God of War (Amazon) and Gran Turismo in TV development 2) 2 live service games coming in FY3/23 are not Destiny and 3) PC gaming revenues will surge 3.8x in FY3/23 (which I think relates to live service games) #sony
— David Gibson (@gibbogame) May 26, 2022