Денес е четврток, 21 ноември 2024
ПочетокСтриповиMISTER MIRACLE - Стрип Рецензија од PARAGONS

MISTER MIRACLE – Стрип Рецензија од PARAGONS

NO PRISON CAN HOLD HIM. NO TRAP CAN CONTAIN HIM. BUT CAN HE PULL OFF THE ULTIMATE TRICK AND ESCAPE DEATH ITSELF?

По препорака на мојот пријател и соработник @greenhickup, кој го сметам за еден од најдобрите млади уметници во Македонија, решив да му дадам шанса на стрипот Mister Miracle од Tom King и Mitch Gerads. Велам „да му дадам шанса“, бидејќи никогаш претходно не сум читал ништо поврзано со Mister Miracle – ниту Fourth World, ниту некоја од претходните самостојни приказни. Mister Miracle е стрип од 12 епизоди (перфектна должина за стрип – ниту прекраток, ниту предолг) кој освојува 3 Eisner награди: Best Limited Series, Best Writer, и Best Penciler/Inker.

Mister Miracle: Amazon.co.uk: King, Tom, Gerads, Mitch: 9781401283544: Books

Се работи за Mister Miracle, супер херој кој може да избега од било што. Во првата страна на која се гледа Mister Miracle, тој е прикажан со исечени вени, по што се спасува, и наводно докажува дека може да ја избегне дури и смртта. Но, откако ќе се спаси, почнуваат да се случуваат чудни работи, како да се пореметува реалноста. Ова доведува до прашањето дали навистина Mister Miracle ја избегнал смртта или е во рајот, пеколот, anti-life equation-от на Darkside, или нешто друго е во прашање.
Откако го прочитав стрипот, сфаќам зошто е толку популарен и зошто има толку награди, но мене лично не ми остави некој голем впечаток. Прво, иако е limited series, бидејќи немам претходно познавање на карактерите (Mister Miracle, Highfather, Darkseid) тешко ми беше да се инвестирам во приказната, колку и да е таа мистериозна и интригирачка. Понатаму, Mister Miracle не е стрип кој може целосно да се разбере со едно читање. Има прилично отворен крај за кој и ден денес се дискутира по форуми. Без спојлери, консензусот на фановите е дека приказната е метафора за справување со проблеми со менталното здравје (депресија, анксиозност, и PTSD). Ова не е дефинитивен одговор, бидејќи Tom King до сега нема откриено што точно сакал да каже со крајот, меѓутоа по мој вкус, отворениот крај не е баш најдобро изведен, односно не е на ниво со други далеку подобри мистериозни приказни со plot twists и отворени краеви.
Негативностите на страна, Mister Miracle има и доста добри карактеристики. На пример, цртежот е одличен. Секој панел изгледа феноменално, особено оние во кои се прикажува дека нешто не е во ред со реалноста. Исто така, секоја страна од стрипот се содржи од 9 (3 на 3) панели чиј цртеж е често симетричен, што за мене е голем плус, бидејќи потсеќа на стилот на еден од најдобрите  стрипови на сите времиња (ако не и најдобриот) – Watchmen. Друга работа која ми остави одличен впечаток беа кратките приказни од 3-4 страни во кои Mister Miracle прави нешто надвор од главната приказна, како на пример неговото гостување на телевизијам кога дава интервју, кога си ги прикажува моќите со тоа што го затвараат во контејнер и го фрлаат од висока дистанца, и други.
Севкупно, Mister Miracle е добар стрип со одличен концепт, но според мене – слабо изведен. Тежок за читање и разбирање, но со одличен стил и цртеж. Верувам дека на некој што е повеќе инвестиран во историјата на Mister Miracle, Fourth World, Highfather, Darkseid и целиот DC универзум, стрипот ќе му се допадне многу повеќе од на мене.

Оценка: 6/10

Рецензијата е напишана од Војдан Андонов од @paragonscomics.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО