Го гледавме Guardians of the Galaxy Vol. 3 премиерно во Cineplexx MK!
Долгото чекање се исплатеше!
Приказна која го доловува срцето на оваа франшиза, ни овозможува уште повеќе да се приврземе и да ја разбереме оваа група на несоодветни ликови. Поединечно и групно, тоа се двата аспекти кои се многу балансирано прикажани, секој карактер си доби доста добар Character Development и поединечен (како и групен) момент кој ќе го паметиме токму по овој филм. Нивната хемија е незаменлива, како вистинска луда фамилија.
Покрај прекрасната режија на James Gunn, тој прикажува вредности кои ги прават овие ликови да бидат сочувствувани и сакани. Бевме сведоци на тага, љубов, суровост, реалност, непредвидливост, гнев, завист, пожртвуваност, совршена несовршеност и втора шанса. Доколку треба да издвоиме вредни поуки од некој Marvel филм и да размислиме за одредени аспекти во нашите животи, тоа е дефинитивно од овој.
Актерите како и во минатото, си ја завршија работата на врвно ниво. Буквално немаше еден кој потфрли, голема пофалба до извонредната глума на Chukwudi Iwuji во улогата на High Evolutionary. Негативецот е прикажан straight-forward, без отстапувања, но тоа е сосема ОК бидејќи неговата цел е единствена, сурова, злобна и до некој степен практична. Динамиката помеѓу него и Rocket е навистина моќна. Origin приказната на Rocket е моторот на филмот, секој негов момент е значаен, полн со емоции и надеж, не натера да чувствуваме, да се грижиме и да ги споредиме одликите со нашите сопствени животи/општество.
Мора да истакнеме дека ликот на Gamora ни отави посебен впечаток бидејќи е многу точно и логично опишана, исто и ликот на Nebula која има можеби најголем Character Development низ целата франшиза. Дури и Star-Lord си има достојна приказна во овој филм исто како Drax и Mantis, а Groot е тотален Bad-Ass! Дури и Cosmo имаше значајна улога. James Gunn навистина им даде дух на овие ликови, преку неговата оригиналност и креативност. Ликот на Adam Warlock беше точно доловен, иако можеби беше малку во сенка на сите други случувања, сепак треба повеќе простор и време да се развие.
Темпото беше сосема ОК, додека пак тонот беше доста мрачен, ова е со сигурност еден од потемните Marvel Studios филмови (во смисла на Dark приказна, не на боите).
Влеговме во кино салата со други очекувања, нема да откриеме ништо, но кога малку подобро размисливме, поентата која пробува да ни ја долови писателот/режисерот е дека скоро сите Чувари имале доста тежок живот, а во овој филм го добија тоа што го залужуваат. Крајот има прекрасна порака и момент кој е една голема ТОЧКА на оваа франшиза, иако не се чувствува како крај. Сепак едно големo ФАЛА за ова љубовно писмо, уживавме.
Продукцискиот дизајн, визуелните ефекти, костумите и шминката беа одлични. Акцијата исто така беше добро осмислена (посебно една сцена која е помеѓу подобрите кога станува збор за Comic-Book филмови), иако на моменти ни фалеше малку повеќе. Музиката од новиот албум беше соодветно селектирана, одговараше во сите можни сцени!
Покрај целата забава, добра комедија, емоции и акција, сепак за нас првиот Guardians филм ќе остане супериорен (и еден од најдобрите Marvel филмови), поради оригиналноста, запознавањето на ликовите и приказната/темата која за тоа време ја немавме видено во ниту еден Comic-Book филм. Во третиот дел, на моменти се чувствувавме како да ги имавме веќе видено дел од настаните.
Издвоивме една многу значајна порака, која ни даде мотив и поттик да бидеме благодарни и присутни на тоа што сме, тоа што го имаме и сме го почувствувале. Овој цитат кој го кажува ликот на Lylla, го пишуваме на најсличен начин на кој што се сеќаваме (бидејки сеуште не можеме да ја најдеме таа сцена на интернет).
Не се важни рацете кои те создале, туку оние кои те водат.