Денес е петок, 18 октомври 2024
ПочетокГејмингЗапознајте го Genesis Diaxid 605 ARGB - куќиштето кое нуди врвна издржливост,...

Запознајте го Genesis Diaxid 605 ARGB – куќиштето кое нуди врвна издржливост, елегантност и ефикасност

Во потрага сте по куќиште кое е издржливо, елегантно и ефикасно? Genesis Diaxid 605 ARGB го нуди сето тоа и многу повеќе.

Со професионален дизајн, компактност каква што секој гејмер посакува, можност за поставување на голем број ладилници и водно ладење како и компатибилност со голем број на компоненти, ова куќиште на Genesis е идеално за составување на гејминг конфигурација од вашите соништа.
И најдобриот дел? Genesis Diaxid 605 ARGB нема значително да го оптовари вашиот буџет затоа што е достапно по многу пристапна цена, само во продавниците на Anhoch, во црна и бела боја.

Технички спецификации:
  • Вид на куќиште: Midi Tower.
  • Типови на матични плочи кои ги поддржува: ATX, Micro-ATX и Mini-ITX.
  • Компатибилно напојување: ATX.
  • Напојувањето стои на долната страна на куќиштето.
  • Материјал од кој е изработено куќиштето: ABS, челик и калено стакло.
  • Должина: 420 мм.
  • Ширина: 217 мм.
  • Висина: 466 мм.
  • Тежина: 7.1 кг.
  • Максимална должина на напојување: 215 мм.
  • Максимална височина на ладилник за процесор: 168 мм.
  • Максимална должина на графичка карта: 351 мм.
  • I/O панел: Mini Jack x2 USB 3.0 Type-A x2 USB 3.1 Gen2 Type-C x1.
  • Материјал од кој е изработен страничниот дел на куќиштето: калено стакло.
  • Материјал од кој е изработен предниот дел на куќиштето: мрежа воедно штити од прашина.
  • Куќиштето доаѓа со 4 вградени ARGB 120 мм ладилници од кои три се на предната страна и еден е поставен странично.
  • Карактеристики на ладилниците: 1200 RPM, 43 CFM, 21.6 dB, трајност од 50000 часа и статичен притисок од 0.95 mmH2O.
  • Доколку сакате уште, максималниот број на ладилници е 8.
  • Ладилниците можат да се постават на следниов начин: 2×120 мм долу, 2×120 мм или 2×140 мм горе, 3×120 мм или 3×140 мм напред и 1×120 мм од страна.
  • Куќиштето поддржува водно ладење.
  • Големини на водно ладење кои се компатибилни со куќиштето: 120 mm, 140 mm, 240 mm и 280 mm на горниот дел, 120 mm, 140 mm, 240 mm, 280 mm, 360 mm и  420 mm на предниот дел и 120 мм од страна.
  • ARGB осветлување.
  • Контролата над осветлувањето е возможна преку: 2+1 pin 5V ARGB Asrock Polychrome Sync, 2+1 pin 5V ARGB Asus Aura Sync, 2+1 pin 5V ARGB Gigabyte RGB Fusion 2.0, MSI (Mystic Light и други).
  • Седум простори за проширување.
  • Можност за додавање до три 2.5″ SSD или HDD дискови.
  • Можност за додавање до два 3.5″ SSD или HDD дискови.
  • Куќиштето содржи заштита за напојувањето.
  • Исто така, тоа содржи и магнетни филтери за прашина.

  

Куќиштето е во продажба на следните линкови: 
Во црна бојаhttps://www.anhoch.com/products/atx-midi-tower-case-genesis-diaxid-605-gaming-argb-w4x-argb-fans-black-2363
Во бела бојаhttps://www.anhoch.com/products/atx-midi-tower-case-genesis-diaxid-605-gaming-argb-w4x-argb-fans-white-2364
Зошто Genesis Diaxid 605 ARGB е куќиштето кое Ви треба?
Една од најлошите карактеристики кај повеќето куќишта се лимитираните можности за ефикасно поставување на сите компоненти. Овој навидум ситен, но многу важен детал овозможува максимално искористување на моќта на сите компјутерски компоненти и професионален, односно педантен распоред на истите. Како најважна, тука може да ја одвоиме можноста за поставување на осум ладилници кои ќе осигураат перфектна температура и проток на воздух во куќиштето, делувајќи на перформансот и животниот век на графичката карта и процесорот.

Кога последен пат сте го исчистиле вашето куќиште од прашина? Освен што ова прашање може да Ви послужи како потсетник за тоа да го направите, истото е наменето да ја открие една од најдобрите карактеристики на Diaxid 605 ARGB – силната заштита од прашина. Со своите магнетни филтри на горната и долната страна и мрежестата структура на предниот панел, ова куќиште ја минимализира потребата за често чистење и истото значително го олеснува.
Високата функционалност на Genesis Diaxid 605 ARGB
Класичните ладилници сè одлични, но се поголем е бројот на гејмери кои преферираат водно ладење. Без грижи, Diaxid 605 ARGB ја нуди и таа можност. Куќиштето е компатибилно со голем број на AIO системи со што овозможува безброј опции и „мозгање“ кога во прашање е поставување на оптимално водно ладење. Ова ли се тие слатки проблеми за кои сите зборуваат?

Освен можностите за ладење, треба да ја споменеме и функционалноста на Diaxid 605 ARGB. Под функционалност ги подразбираме компатибилноста со три различни димензии на матична плоча, можноста за поставување на голема графичка карта како и големиот простор за моќен и висок ладилник за процесорот. Сето ова им овозможува на гејмерите да го збогатат куќиштето со најдобрите компјутерски делови и потполно да уживаат во нивните омилени видеоигри без грижи од типот на прегревање или лош перформанс.

Genesis е најдобриот гејминг бренд во Полска! 
По втор пат во претходните две години, Genesis ја освои довербата на читателите на ITHardware списанието и беше прогласен за најдобар гејминг бренд во Полска, што многу зборува за квалитетот на нивните продукти. Воедно, маусот Zircon 500, тастатурата Thor 404 TKL Kailh Brown Box V2 / Thor 404 TKL Gateron Yellow Pro и гејмерското столче Nitro 550 G2 добија признание за најдобар продукт во своите категории.

Заклучок!
При составување на една гејминг конфигурација главниот фокус секогаш оди на графичката карта, процесорот или RAM меморијата, а ретко кој зборува за делот без кој ништо од тоа нема да функционира – куќиштето. Така, со зголемување на бројот на достапни моќни компјутерски компоненти се зголемува и потребата за куќиште кое ќе овозможи ефикасно поставување и перформанс на истите.
Како куќиште кое овозможува се од наведеното, Genesis Diaxid 605 ARGB покажа дека е продукт што секој вистински гејмер мора да го поседува! Воедно, тоа доаѓа со фантастичен изглед и функционални карактеристики кои значително ќе го олеснат составувањето и одржувањето на било која конфигурација, гарантирајќи заштита, ниски температури и тоа што секој гејмер го посакува – висок FPS.

Genesis Diaxid 605 ARGB е достапно само во продавниците на Anhoch.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО