После долго чекање конечно добивме потврда дека Jojo part 6: Stone Ocean е во изработка.
Новиот Jojo дел беше соопштен на „Јојо the Animation Special Event” во Јапонија. Како целокупна прослава на анимето на JoJo’s Bizarre Adventure „JOESTAR The Inherited Soul“ беше ексклузивен настан на кој учествуваа гласовните актери на секој генерација на Jojo до сега, Kazuyuki Okitsu(Jonathan), Tomokazu Sugita(Joseph), Daisuke Ono(Jotaro), Yuki Ono(Josuke), and Kensho Ono(Giorno).
За крај беше прикажано видео каде што ја претставуваат Jolyne Cujoh во аниме франшизата, a потоа беше поканета на сцената да се придружи новиот член на Jojo генерацијата Fairouz Ai која е гласовната актерка на Jolyne. Fairouz Ai е голема фан на Jojo и има дадено изјава дека Jojo е една од причините што добила инспирација да започне да работи како гласовен актер и ѝ е голема чест да ја преставува Jolyne во новото аниме. Jolyne моментално е единственото женско која е протагонистка во Jojo генерацијата.
Фановите засега немаат добиено никакви информации за продукцијата освен за Ai. JoJo’s Bizarre Adventure: Stone Ocean е во фаза на производство и иако името на студиото сè уште не е потврдено се претпоставува дека се David Production(Аниматори на претходните сезони).
Доколку не сте гледале Jojo еве кратко објаснување што би можело да ви привлече внимание и би ве поттикнало да го гледате анимето или да почнете да ја читате мангата:
Jojo’s Bizzare Adventure е приказна за повеќе генерации, центрирана околу лошите авантури на семејството Joestar, благородно семејство со англиски корени. Поделен е на осум дела, секој дел се фокусира на различен потомок. Секој дел има комплетно нов состав на протагонисти, антагонисти и нов амбиент. Дури и жанровите се различни, првиот дел се игра како хорор приказна, додека петтиот дел е повеќе италијанска мафијашка драма.