Денес е петок, 13 декември 2024
ПочетокСерииComics.mk Рецензија: The Falcon and The Winter Soldier

Comics.mk Рецензија: The Falcon and The Winter Soldier

Sam Wilson е новиот Captain America!

Доколку немате гледано ниту една епизода, не ви препорачуваме да ја читате нашата рецензија, има спојлери кои беа промовирани од Marvel Studios низ изминатите недели.

‘The Falcon and The Winter Soldier’ означува една нова ера за титулата на Captain America, приказна за незаменливо дуо кое неизбежно ќе донесе правда на тие што им е најмногу потребна. Хемијата и Character Development-от на Sam и Bucky се дефинитивно главниот фактор за успех на серијата, прашањето „Зошто Steve Rogers го избра Sam Wilson” е одговорено на вистински начин, покрај тоа Bucky се соочува со неговото минато на застрашувачкиот Winter Soldier.

Групата на Flag Smashers за жал не беше доволно убедлива иако нивната мотивација е тотално разбирлива, актерот Wyatt Russell одлично ја одигра улогата на John Walker и мораме да потенцираме дека ликот може да има интересна иднина, истото важи и за Baron Zemo кој беше феноменален, Dora Milaje беа тотално BADASS, Sharon Carter беше сосема ОК иако дејствата на нејзиниот лик беа предвидливи.

Визуелните ефекти во скоро сите сцени беа на ниво, првите две епизоди имаат споро темпо но понатаму темпото забрзува и станува тензично, глумата од страна на сите актери беше добра. Градот Madripor е дестинација која ветува многу, дизајнот и дејствата многу убаво го доловуваат тој Modern Pirate City Vibe.

Епизода број 4 ја издвојуваме како најдобрата од сите 6 но мораме да напоменеме дека покрај глумата има вредни дискусии и емоции низ епизодите. Пораката која ја доловува серијата е искрена и вистинска, многу се потребни вакви серии за останатите во филмскиот универзум на Marvel бидејќи имаат доволно време и простор да ги развијат ликовите, да претстават нови карактери, локации и да tease-нат понатамошни проекти, исто како во случајов.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО