Square Enix откри повеќе информации за време на закажаниот прес во мај во врска Final Fantasy VII The First Soldier која ќе биде првата FF Battle Royale игра.
Слично како и во другите Battle Royale игри, играчите ќе треба да се движат околу мапата за да ги поразат другите играчи и да добијат корисно оружје и оклоп. Концептот за Final Fantasy VII The First Soldier потекнува од продуцентот Shoichi Ichikawa.
Една од првите промени во традиционалниот жанр на Battle Royale е упорната популација на AI- контролирани чудовишта од игрите кои се начин за покачување на левели на вашиот карактер во текот на еден натпревар.
Чудовишта ќе шетаат низ различните области што играчите можат да ги поминат. Ова ја вклучува дури и куќата на Aerith.
Намерното наоѓање и поразување на овие ликови изгледа како главна стратегија во раната игра за да се добие скок на целокупната моќ против другите играчи.
До 75 играчи ќе можат да учествуваат на еден натпревар. Single-player free-for-all и team match mode ќе бидат достапни во играта. Режимот на тимски натпревар ќе ги сортира играчите во екипи од по три. Во овој режим, играчите можат да изберат точка за отпаѓање со помош на хеликоптер на почетокот на натпреварот.
Square Enix донесе интересна одлука овде да создаде мешавина од melee и range опции.
Исто така ќе може да се користи и summon како Ifrit. Ќе бидат обврзани за вас откако ќе бидат повикани и дејствуваат како заштита, правејќи сериозна штета на противникот.
First Soldier ќе биде достапна во 2021 ширу светот за iOS и Android.
Доколку сакате да дознаете по детални информации и да видите како изгледа бета верзијата на Final Fantasy 7 The First Soldier може да го погледнете видеото подоле.