Денес е недела, 22 декември 2024
ПочетокАнимеВидео играта Kimetsu no Yaiba: Hinokami Kepputan ќе биде достапна на сите...

Видео играта Kimetsu no Yaiba: Hinokami Kepputan ќе биде достапна на сите платформи!

Kimetsu no Yaiba: Hinokami Kepputan (“Demon Slayer: The Tale of the Hinokami”) е видео игра од CyberConnect2 базирана на Kimetsu no Yaiba на Koyoharu Gotōge.

CyberConnect 2 исто така се креатори на Dragon Ball Z: Kakarot која беше пуштена во продажба на почетокот на 2020 година.

Hinokami Kepputan е борбена акција од трето лице, дозволувајќи до 2 играчи да се борат на бојното поле.

Solo Play Mode е режим за единечен плеер, каде играчите ќе ја преживуваат приказната како што е прикажано во анимето. Играчот ја презема контролата над Tanjiro Kamado, борејќи се против демоните со цел да ја врати душата на неговата сестра Nezuko откако нивното семејство беше нападнато, оставајќи ја Nezuko како демон.

Како и во секоја борбена игра така и тука ќе има Versus Mode каде играчот може да игра како два карактери од анимето, вклучувајќи ги и Tanjiro и Nezuko во натпревар 2v2 со најмногу двајца играчи кои можат да играат offline или online.

Моментални потврдени карактери кои што ќе може да се играат се:

  • Tanjiro Kamado
  • Nezuko Kamado
  • Zenitsu Agatsuma
  • Inosuke Hashibira
  • Giyu Tomioka
  • Sakonji Urokodaki
  • Sabito
  • Makomo
  • Shinobu Kocho
  • Kyojuro Rengoku

Сеуште немаме дополнителни иформации, вклучувајќи го и тоа дали во приказната на играта ќе биде вклучен Mugen Train и кои негативците се одбрани да дебитираат во играта од целиот серијал.

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba – Hinokami Keppuutan доаѓа на PC(Steam), PlayStation 4, PlayStation 5, Xbox One и Xbox Series X / S во 2021, точниот датум на премиерата засега е непознат.

Доколку сакате да дознаете како изгледа играта погледнете го видеото подоле.

Ива
Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО