MAPPA го откри првиот целосен трејлер за новoто аниме Chainsaw Man. Студиото за прв пат го прикажа трејлерот за време на својот настан од 10-годишнината на MAPPA во неделата.
Оригиналната манга на Tatsuki Fujimoto прерасна во една од најпопуларните хорор/акциони серии што се водеше во магазинот „Weekly Shonen Jump“ на Shueisha минатата година, и се чини дека доби уште поголема слава по завршувањето на мангата.
Приказната е сместена во свет каде ѓаволите се раѓаат од човечките стравови. Ѓаволите обично се опасни и злонамерни, но луѓето можат да склучуваат договори со нив за да ја искористат нивната моќ. За да се намали нивната закана, постојат специјализирани лица наречени ловци на ѓаволи.