Македонските фанови, конечно, ќе можат да учествуваат на настан инспириран од светот на Pokémon (Покемон)!
Книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“ ќе биде домаќин на првиот официјален Pokémon-настан во нашата земја, кој ќе се одржи на 23 март (сабота), со почеток во 18 часот.
На интерактивниот настан, кој „Литература.мк“ го организира во соработка со „Комикс МК“ и „Пагода“, ќе започне со презентација наменета и за најмладите и за постарите, по што следува размена, играње и едукација на безвременските карти, турнир во мобилната видеоигра Pokemon GO, а сето ова ќе биде проследено со тематска музика, тематски пијалоци, аниме инсерти и вистинска Pokémon атмосфера!
Пријавувањето за турнирот во Pokémon GO е достапно на следниот линк:
„Литература.мк“, како најголем застапник на производи инспирирани од светот на Pokémon, ќе обезбеди многубројни изненадувања и награди за посетителите. Исто така, почнувајќи од 16 март, ќе има 20 % попуст за онлајн-нарачките преку www.literatura.mk на дел од производите на Pokémon.
Pokémon е можеби една од најпопуларните јапонски франшизи, која се состои од видеоигри, анимирани серии и филмови, размена и игри со карти и друго. Франшизата се одвива во заеднички универзум, во кој луѓето коегзистираат со суштества познати како Pokémon.
Настанот во „Литература.мк суперстор“ е од отворен тип и е наменет за фанови од сите генерации!