Денес е среда, 12 март 2025
ПочетокФилмовиDave Bautista за последен пат во улогата на Drax

Dave Bautista за последен пат во улогата на Drax

‘Guardians of the Galaxy Vol.3’ ќе биде последниот филм за Dave Bautista во улогата на Drax

Во 2018 година Disney го отпушти писателот и режисерот James Gunn од третиот дел на франшизата поради стари Tweet-ови кои го нарушуваат угледот на компанијата, во тоа време, актерот Dave Bautista даде остри критики насочени директорскиот одбор со што ги предупреди дека нема повеќе да ја игра улогата на Drax доколку режисерот не се врати.

Токму поради овој инцидент, филмот е одложен за неколку години подоцна, благодарение на актерите и фановите после само една година (2019) James Gunn е вратен во улогата на писател и режисер за долгоочекуваниот ‘Guardians of the Galaxy Vol.3’. Коментарите и критиките од страна на Dave донесоа голема неизвесност за неговата улога па токму затоа и актерот е свесен дека доколку неговиот лик не доживее смрт во третиот дел, тогаш дефинитивно ќе биде заменет со друг актер за следните појавувања во филмскиот универзум на Marvel.

Dave Bautista во неговиот Tweet образложува дека неговите години (53) се главниот проблем за повторување на неговата улога а покрај тоа и фактот дека ова е последен филм од страна на James Gunn за оваа франшиза, прочитајте ги изјавите на актерот и режизерот преку Twitter:

Интересен факт е тоа што бојата на секој наслов двата филмови е истата боја како ликот што умира во филмот, во првиот дел умира Groot (кафена боја) во вториот Yondu (сина боја). Дали во третиот дел ќе умре Drax?

‘Guardians of the Galaxy Vol.3’ ќе биде достапен од 5-ти Мај 2023 година, а во Декември 2022 година за време на новогодишните празници ќе дебитира специјална филм-епизода на Disney+, ‘The Guardians of the Galaxy Holiday Special’ во режија на James Gunn заедно со актерите од филмовите.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО