Justice Society: World War II – Дел од новиот формат на анимирани DC филмови
Warner Bros. Animation се добропознати по нивните многубројни хитови во DCAMU (DC Animated Movie Universe), па токму затоа со филмот ‘Justice League Dark: Apokolips War’ го означија крајот на повеќе меѓусебно поврзани филмови па токму затоа со почетокот на ‘Superman: Man of Tomorrow’ започна една нова ера со тотално нов стил на анимација кој се разликува од предходните филмови.
Ова е трет филм со таканаречениот нов стил на анимација позади ‘Superman: Man of Tomorrow’ и ‘Batman: Soul of the Dragon’ и мора да напоменеме дека филмовите овие нови филмови не се меѓусебноповрзани како предходните кои спаѓаат под слоганот DCAMU. Следен проект на студиото е анимираниот филм инспириран од стрипот од 1996 со истиот наслов ‘Batman: The Long Halloween Part 1’ кој ќе биде поделен во два дела закажани за 22 Јуни и за Есента во 2021 година.
‘Justice Society: World War II’ е веќе достапен во дигитална снимка од 27ми Април, а во Blu-Ray снимка од 11ти Мај, 2021 година.