Денес е среда, 5 февруари 2025
ПочетокФилмовиНова гласина за 'Joker 2' која ветува многу возбудувања!

Нова гласина за ‘Joker 2’ која ветува многу возбудувања!

Warner Bros дефинитивно ни спремаат ново и уникатно продолжение од ‘Joker’ франшизата.

Todd Phillips се враќа во улогата на режисер, но покрај тоа ќе биде и дел од екипата на писатели за приказната на ‘Joker 2’, филмот кој сеуште нема точен датум.

Пред само неколку недели, добивме и официјална информација дека двата ‘Joker’ филмови ќе бидат дел од истиот филмски универзум како новиот ‘Superman’ филм со афроамериканец во улогата на Kal-El (Clark Kent) во кое дејството ќе се одвива во текот на 1970-1980-тите години. Па токму затоа во овој момент има многу нејасни прашања кои дополнително создаваат шпекулации за ликовите.

Според холивудскиот режисер, наводно не чека спектакуларно изданије на вториот филм кое црпи инспирација директно од стрипот ‘Batman: Three Jokers’ каде има три Џокери без точен идентитет (криминалец, комичар и кловн) со желба да создадат нов супериорен Џокер кој ќе му нанесе уште поголема штета на Gotham и уште поголема емоционална нестабилност на Бетмен.

Сите најави до овој момент сугерираат дека нема да го видиме Бетмен во филмот, ќе биде самостојна приказна за повеќе Џокери кои се директна креација на неправедностите во општеството.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО