Актерот ќе игра идентична улога како во добропознатата ‘Blade’ трилогија на Marvel, но овој пат како дел од ‘John Wick 4’
Студиото Lionsgate моментално е во разговори со познатиот актер за улога на вешт мечувалец која ќе го наврати на старите добри времиња кога беше главниот убиец на злосторни вампири.
Snipes е вистинскиот избор со неговото богато искуство за интензивни акциони филмови иако моментално е во неговата 58-ма година, заедно со Keanu Reeves ќе донесат уште поголеми возбудувања и вредности на големите филмски платна.
Четвртиот дел веќе има феноменална група на актери како: кинескиот актер Donnie Yen (Rogue One: A Star Wars Story), британско-јапонската поп ѕвезда Rina Sawayama, канадскиот актер Shamier Anderson (Stowaway), Laurence Fishburne и Bill Skarsgård (It) кој во моментов не е официјално потврден.
Снимањето ќе започне овој месец во Парис и Берлин а во текот на следните месеци ќе се снимаат сцени во Јапонија и Њујорк.
‘John Wick 4’ е закажан да дебитира на 27-ми Мај, 2022 година.
Извор: Тhe Illuminerdi