Го истражуваме древниот свет во филмскиот универзум на Marvel, потребно ни е уште!
Добиваме нов херој кој дефинитивно носи различност и уникатност од веќе виденото, четвртата фаза (Phase 4) со првиот свеж филм!
- Едноставна приказна со големо срце.
- Феноменални сцени со боречки вештини (и општо текот на сите борби) изработени до најмалиот детал, Jackie Chan vibes!
- Негативец кој има тежина, буди чувство на соживот и апсолутно доминира во секоја сцена! The Real Mandarin!
- Симпатичниот Simu Liu ги оправда очекувањата во улогата на Shang-Chi, но мораме да кажеме едно големо БРАВО за извонредната глума на актерот Tony Leung Chiu-wai поради кого Xu Wenwu (негативецот) го направи за класа подобар!
- Глумата од другите актери генерално беше добра.
- Без да ви дадеме spoiler, има еден лик кој би го препознале и е центарот на комедијата во филмот, шарм кој може да ни го долови само одредениот актер за улогата, убедливо најсмешен.
- Влегуваме во еден митолошки свет кој изгледа преубаво, елементи на кинеска (азиска) култура со Anime инспирирани сцени. Голем број на митски суштества кои ќе ве остават воодушевени.
- Третиот чин (Third Act) е полн со фантазија, преполн со акција и со големи изненадувања, спектакл кој ќе ве задоволи! There is one EPIC moment straight from the Chinese mythology!
- Мала замерка за една одлука (сцена) на писателите/режисерот со ликот на Awkwafina која можеше да биде напишана на друг начин.
- Темпото е променливо но сепак сите сцени во филмот беа потребни за приказната.
- Одлични визуелни ефекти (посебно во третиот чин) кои добро се вклопуваат со практичните ефекти и KUNG FU акцијата.
- Музичките композиции и оригиналните песни беа полн погодок во скоро сите сцени (посебно во сцените кога имаше традиционални кинески композиции)!
- Филмот има две After-Credits сцени, првата е „Jaw Dropping“ и дава tease за возбудлива иднина која го чека Shang-Chi. Сите теории ќе ги дискутираме кога повеќето ќе го изгледаат филмот.
- Уште многу прашања остануваат неодговорени, со нетрпение чекаме да дознаеме повеќе за десетте прстени и мистичниот свет во кој се кријат уште поголеми тајни.
Филм кој ни ги опишува вредностите на една фамилија, го буди чувството на љубов, трагедија и упорност, раѓање на еден нов суперхерој кој го препознава доброто од лошото и покрај сите препреки. Origin приказна која се издвојува како една од најдобрите во филмскиот универзум на Marvel.
Тешко е да се соџвака во едно гледање, се случија многу настани кои мора по втор пат да се искусат.
8.4/10
Уживаме во новите чудни, необични, мистериозни, непредвидливи и мистични проекти во растечкиот универзум на Marvel, иднината на четвртата фаза е тука! Buckle up!
За тие што веќе сте го гледале филмот, во прилог е еден мал tease напишан на кинески според теорија која ја имаме за вториот дел:
方方福來了!
十環的創造者?
Преведете на Google Translate на Chinese Traditional (потенцијален СПОЈЛЕР за тие што не го гледале филмот).