Нова филмска адаптација на добропознатиот цртан од нашето детство, првиот анимиран филм на Disney од 1937 година, Снежана и Седумте Џуџиња!
Во последните неколку години компанијата пронајде успех во продукција на безброј филмски адаптации како Dumbo, Aladin, The Lion King, Cruella, The Jungle Book, Mulan и други, па токму затоа на ред е еден од најдобрите Disney цртани на сите времиња!
Списанието Deadline ни пренесува дека израелската актерка Gal Gadot е во финални преговори да ја превземе улогата на главниот негативец во филмот, Evil Queen.
Веќе е потврдено дека главната улога на Снежанаќе ја игра американската актерка, пеачка и YouTube-ерка, Rachel Zegler која има само 20 години и е позната во филмот West Side Story во режија на Steven Spielberg.
Снимањето ќе започне во текот на 2022 година од страна на главниот филмски продуцент Marc Platt а за режисер е назначен Marc Webbкој е познат по The Amazing Spider-Man филмовите на Sony.
Снежана и Седумте Џуџиња е првиот целосен цртан филм на Disney (издаден во 1937 година) во кој е искористена традиционална техника на рачни цртежи за секоја сцена/рамка.
Телевизиска емисија 1938 година која објаснува за традиционалниот процес на цртање на Disney:
По жанр ќе биде мјузикл во комбинација со фантазија (исто како цртанот) а во играниот филм малку ќе се прошири приказната заедно со песните и музичките елементи.