Непотребен епилог на една револуционерна филмска трилогија.
Приказна која нема никаква важност со нови елементи на оригиналност кои не се совпаѓаат со тонот и сериозноста во Matrix-от, повторување на веќе виденото.
Дејствата се преточени со цел да ги исполнат критериумите на новите генерации, без да се фокусираат на клучните атрибути кои го прават првиот дел (и целата трилогија) да биде нешто вредно за многу генерации.
Филм кој трае цели 2 часа и 30 минути, текот на приказната е оптоварувачки, многу информации кои носат мало задоволство. Доколку ги сумираме случувањата, филмот би можел да биде изработен со времетраење од 1 час и 40 минути.
Реалниот свет е опишан на поинаков, чуден и мек начин. Многу настани кои се случиле низ годините не се убаво образложени, повеќето од нив немаат логика а новите ликови немаат никаква уникатност по која ќе ги памтиме. Свет кој не би сакале да го искусиме на ваков начин.
Повеќето сцени со акција беа тешки за следење, едноставна кореографија како на просечен акционен филм, без зачудувачки тепачки по кои е препознатлива оваа франшиза.
Визуелните ефекти во голем дел се одлични, сепак никогаш нема да го достигнат револуционерното ниво (за тоа време) по кое е истакнат The Matrix (1999).
Во некои моменти се чувствувавме како да гледаме Зомби филм, одредени тепачки и моменти не се совпаѓаат со тематиката на оваа франшиза.
Музиката нема автентичност, можеле да го доловат овој свет преку морничави, мистериозни и сајбер композиции кои ќе донесат голема важност во одредени сцени.
Актерската екипа си ја завршува задачата на добро ниво, посебно Keanu Reeves, Carie-Anne Moss, Yahya Abdul-Mateen II, Jonathan Groff, Jessica Henwick и Neil Patrick Harris.
Сепак одличната глума не придонесе на лошото толкување на нивните ликови токму во овој филм од страна на Warner Bros и креативниот тим.
Врската помеѓу Neo и Trinity е фантастична, нивното присуство донесе насмевка на нашите лица.
Нешто од кое сме фасцинирани се каскадерските трикови кои уште на прв поглед се гледа дека се реални, едно големо браво до актерите Keanu, Carie-Anne и целиот каскадерски тим.
Keanu Reeves and Carrie-Anne Moss performed the jump scene stunt 20 times for #MatrixResurrections
"You can't think of the fear, you have to [deal] with it, absorb it and just be there"
(via @colbertlateshow) pic.twitter.com/njesEQ15t6
— Culture Crave 🍿 (@CultureCrave) December 24, 2021