Денес е недела, 22 декември 2024
ПочетокФилмовиMorbius - COMICS MK рецензија без спојлери

Morbius – COMICS MK рецензија без спојлери

Благодарение на Cineplexx MK го гледавме Morbius во кино и добивме бесплатен онлајн стрип токму за него! Следува наше искрено мислење за филмот.

Сакаме да се заблагодариме на сите Вас (фановите) за поддршката и мислењата кои ги споделувате на социјалните мрежи и во кино, дополнително благодарам до нашите пријатели Cineplexx MK за прекрасната премиера и атмосфера!
Едно нешто можеме со сигурност да гарантираме: студиото Sony пробува да созададе филмски универзум за Spider-Man ликови кои немаат конкретна цел, се чувствуваат исфорсирано и избрзано.
Morbius е дефинитивно еден од последните ликови за кои ние (како фанови) сакавме да го искусиме во самостоен филм па токму затоа влеговме во кино салата со мали очекувања, излеговме со уште помали импресии. Непотребна приказна која дополнително ги комплицира случувањата во Sony светот на Marvel ликови.
Многу фанови го поставија следново прашање: Доколку Marvel Studios можат да изработат успешен проект за непознат лик, зошто не може и Sony да го направат истото?
Одговорот е едноставен: Немаат визија за иднината на нивните ликови, ниту пак доволно посветеност и љубов со цел да ги одведат на пат кој ќе има значење кај нас гледачите. Приказни кои лесно се забораваат без чувство на емпатија кон ликовите, жаргонски кажано „Пљукни-Залепи.“
Приказна која има налик на филм од 2000 години, предвидлива и едноставна со бавно темпо. Ликови кои немаат посебна препознатливост и значење, изгубени во случувањата на главниот карактер (Morbius), како интересен исклучок ги издвојуваме сцените кога беше прикажана науката и целите биолошки истражувања на докторот Michael Morbius.
Едноставно енергијата и тонот ја цица целата енергија од Вас (не од возбуда туку од замор), иако филмот има времетраење од само 1 час и 43 минути, се чувствувавме како да сме заглавени во приспивна замка од 3 часови. Во постојано исчекување да се случи нешто непредвидливо или пресвртно.
Изведбата на Jared Leto дефинитивно ја издвојуваме како најдобро нешто за филмот, актер кој ги истакнува неговите способности на врвно ниво. Другите членови на актерската екипа одглумија релативно добро, за нијанса подобар беше Matt Smith во улогата на Milo.
Визуелните ефекти во сцените кога се случуваше трансформацијата на  Michael Morbius (и општо неговиот изглед) беа одлични, детални, језиви и реални за разлика од сцените во кои се случуваа тепачките (акцијата) кои беа темни, нејасни и тешки за следење.
Музичките композиции лесно ги заборавивме како звучат (исто како да ги немало), тоа е резултат нивната неоригиналност и непрепознатливост.
Хорор елементите кои се присутни во неколку сцени беа тензични и језиви, соодветни за филм со вампири! Мора да признаеме дека ни фалеше малку повеќе од ваквите мистериозни хорор елементи.
Моќите со кои се стекнува докторот се необјаснети, сепак се опишани на интересен начин (посебно кога учи како да ги контролира) заедно со звучните способности.
Jared Leto се докажува како одличен актер во комплексни улоги кои за жал се лошо осмислени а уште полошо реализирани.

4.3/10

Двете Post-Credits сцени се најлошото нешто во Comic Book филмови до овој момент, Sony пробуваат да формираат филмски универзум без многу мислење, без многу логика и без никакви барања од страна на фановите. Ние сме комплетно згадени од начинот на кој Sony ги претставува овие Iconic ликови во понижувачко, евтино и разочарувачко светло.
Најлошиот Comic Book филм на сите времиња? Можеби… Morbius е меѓу последните од првите 100 Comic Book филмови на сите времиња…

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО