Најмалите ежиња со сигурност ќе уживаат во оваа суперхеројска авантура со полно акција, добри визуелни ефекти и значајни вредности!
Вториот дел од популарната франшиза на SEGA е дефинитивно подобар од првиот (Sonic the Hedgehog 2020).
Авантура која е од огромна значајност, новите ликови се лични и оригинални па токму затоа уживавме во нивното присуство додека пак старите ликови добиваат заслужен Character Development кој се преточува во една значајна приказна од која најмладите генерации можат да научат многу!
Акцијата во комбинација со аудитивните ефекти беа пресликани директно од видеоигрите на Sonic па токму затоа филмот само по себе е препознатлив.
Едноставна приказна со доста смешни и епски моменти, токму тоа што се бара за еден детски, фамилијарен и комичен суперхеројски филм што не значи дека и повозрасните не може да уживаат во истиот.
Knuckles е Bad Ass, прецизно е доловена неговата посветеност, сила и сериозност со перфектно погодениот глас на Idris Elba, заедно со Tails носат една нова свежина, два тотално спротивни ликови, нивните способности се исто така убаво доловени. Ликот на Sonic докажува што значи да се биде суперхерој!
Како што би рекле жаргонски, Jim Carrey е ,,Жива Легенда”, на перфектен начин го долови Doctor Ivo ,,Eggman” Robotnik, неговата глума е феноменална, смешна, необична и експресивна, дополнително на тоа ликот е детално разработен од страна на студиото. Останатите актери глумат OK, нивните ликови си имаат убаво распределени улоги со доста смешни моменти!
Третиот чин е спектакуларен, масивен и доста (визуелно) убав за гледање, режисерот Jeff Fowler заедно со целиот продукциски тим на Paramount Pictures го пронајдоа вистинскиот тон кој е во достојна корелација со ликовите од популарната гејминг франшиза на јапонската компанија SEGA.
7/10
Sonic the Hedgehog 2 е токму тоа што очекувавме, ретко кога некој карактер од видеоигри е преточен на чесен, вистински и прецизен начин како подвиг за најмладите генерации.
P.S. Post-Credits сцената најавува нешто опасно!