Ликовите од DC стриповите и сите останати филмски франшизи на Warner Bros. добиваат нови сопственици!
Пред само неколку дена компанијата Discovery (AT&T) го финишираше договорот вреден $43 милијарди кој означува спојување на двете продукциски корпорации, Warner Bros. и Discovery (AT&T) под новото име Warner Bros. Discovery.
David Zaslav – Извршниот директор на двете споени компании сака комплетно да ги промени сегашните планови на DC Entartainment (филмови, серии и видеоигри) со цел да креира една нова, цврста и стабилна содржина.
Списанието Variety објавува дека оваа одлука е донесена врз основа на успехот кој го бележи Disneyсо филмскиот универзум на Marvel како најпрофитабилна филмска франшиза во на сите времиња.
целта на компанијата е да се усогласат различните елемнти на DC ликовите со цел да се даде максимум на вредноста за една успешна филмска франшиза.
David Zaslav моментално бара креативен продуцент кој ќе креира јасна стратегија со визија за иднината на DC франшизата, влијателен човек исто како претседателот на Marvel Studios, Kevin Feige.
Една од кандидатките за оваа улога е Emma Watts (поранешен филмски продуцент и извршна личност на 20th Century и Paramount) но според моменталните информации таа не би ја прифатила оваа позиција, дополнително на тоа извршниот директор Zaslav помалку сака да најде некој/а кој/а е креативен гуру а повеќе сака да најде некој/а со богата бизнис пзадина кој/а ќе работи во хармонија со различните сектори/проекти на DC.
Извршниот директор верува дека покрај ресурсите, Discovery ќе придонесе кон отклучувањето на целосниот потенцијал кој е скриен во светот на DC иако Warner Bros. имале успешни филмски изданија како Aquaman и The Batman, сепак им фали визија и бренд стратегија за уште поголем понатамошен развој.
Вработените тврдат дека проекти како Joker (2019) кои се класифицираат како второ-разредни ликови може да достигнат огромен успех доколку се препуштени во вистински раце (истото важи и за Margot Robbie во улогата на Harley Quinn) па токму затоа иднината ќе се фокусриа и на вакви самостојни проекти покрај филмски универзум.
Еден од ликовите за кои мислат дека не е доволно разработен е Superman, ќе следуваат многу повеќе проекти токму за него во новото раководство на компанијата.
Новата гласина сугерира дека со новото раководство има големи шанси да се врати таканаречениот Snyder-Verse со вториот филм на Justice League од страна на режисерот Zack Snyder.
Компанијата ќе се фокусира на креирање повеќе телевизиски проекти за стриминг платформата HBO Max кои ќе бидат инспирација (spin-off проекти) од успешните филмски проекти, како на пример: Peacemaker (spin-off од The Suicide Squad), ТВ серија со Collin Farrell во улогата на The Penguin (spin-off од The Batman) и слично.
Дополнително на тоа планираат да инвестираат многу повеќе ресурси во гејминг индустријата (бидејќи знаеме дека е убедливо најголемата Entertainment гранка кога станува збор за заработка).
Моменталниот претседател на DC филмскиот сектор, Under Walter Hamada придонесе многу во смисла на константност и конкуретност во изминатите 4 години, неговиот договор трае до 2023 и се шпекулира дека ќе има важна улога за иднината на компанијата.
Discovery ќе вложи 3 милијарди како за почеток на продукција на следните проекти па токму затоа ќе има и голем дел од креативната контрола.