Sony Pictures го одложува продолжението на Into the Spider-Verse и поставува официјални датуми за Madame Web и Kraven the Hunter филмовите.
Spider-Man: Across the Spider-Verse Part 1 е одложен за 2-ри јули 2023 година (од 7-ми октомври 2022 година).
Spider-Man: Across the Spider-Verse Part 2 е одложен за 29-ти март 2024 година (од неодреден датум во 2023 година).
Madame Web добива официјален датум за 7-ми јули 2023 година. Главната улога ќе ја игра актерката Dakota Johnson (Madame Web) додека пак сеуште непознатата споредна улога ќе ја игра актерката Sydney Sweeney.
Kraven the Hunter е големото изненадување бидејќи ќе дебитира како прв филм од сите останати погоре со датум на 13-ти јануари 2023 година. Актерот Aaron Taylor-Johnson ќе ја игра главната улога.