Денес е недела, 22 декември 2024
ПочетокФилмовиAnt-Man and the Wasp: Quantumania - Рецензија без спојлери директно од Cineplexx...

Ant-Man and the Wasp: Quantumania – Рецензија без спојлери директно од Cineplexx MK

Моќен почеток на една НОВА династија!

Пред се сакаме да ви се заблагодариме на сите што дојдовте на вчерашната премиера во Cineplexx MK, на организаторите, на дечките од @paragonscomics за помошта и на професорот по физика Мр. Јован Јанушески заедно со стрип-артистот Здравко Гиров за прекрасно изведените активности! Подолу можете да ја погледнете целосната галерија на слики од вчерашната премиера.

Најпрво ќе започнеме со фактот дека за нас, филмот беше далеку од перфектен, но беше навистина пријатно, чудно и интересно искуство кое дополнително го збогатува филмскиот универзум на Marvel.
Тоа што навистина ни се допадна од технички аспект беше брзото и динамично темпо кое постојано ни го задржа интересот, дополнително на тоа имаше полно акција (и на моменти креативна), нов свет, нови култури и начин на живот, конечно добивме слика за необичните/чудни случувања во квантинот универзум. Во многу аспекти и визуели наликуваше на Star Wars филм.
Визуелните ефекти беа сосема OK, имаше одлично изработени сцени, но имаше и не толку добри, сепак прифатливи и убави за око. Најголемиот проблем за во овој аспект беше MODOK кој навистина е тешко да се изведе, а сепак го изведоа добро.

Ant-Man and The Wasp: Quantumania' trailer dives into quantum realm | Space

Музичките композиции на Christophe Beck очекувавме да бидат многу почести, подобри и запамтливи. Се чувствуваме скоро исто како да ги немало.
Пиказната беше едноставна со доста заплети и неизвесни моменти.
Актерската екипа одглуми сосема добро.
Карактерите на Ant фамилијата беа поделени, неколку од нив имаа добар развиток додека пак неколку од нив не направија голема разлика (или таа разлика што ја направија не беше впечатлива). Сепак имаат одлична хемија и секој од нив си го доби својот момент во однос на околностите. Ќе има доста моменти кои ни ги дадоа за памтење.
Мораме да изјавиме дека MODOK беше пријатно изненадување, знаеме дека не е ни блиску со многубројните злобни нешта и однесување како во стриповите, но сепак мора да сфатиме дека ваков тип на карактер е многу тешко да се изведе во Live-Action. Ги доловиле особините на језивост, нетрпеливост, злоба, изгубеност, агресија, со многу чуден и cringe изглед (и однесување), баш онака како во стриповите.

MODOK Explained: Who Is Ant-Man and the Wasp Quantumania Villain?

Како за крај, најдобриот атрибут е дефинитивно Jonathan Majors во улогата на Kang the Conqueror!
Неговото присуство, глума, сериозност, моќ, тон и тежина беа навистина нешто кое наговестува дека на крајот од денот (после Avengers филмовите) има големи шанси да биде еден од најдобрите Comic Book негативци во историјата на филмската индустрија (не се шегуваме). Покрај одличната изведба во секоја сцена, детално е осмислена костимографијата и целиот продукциски дизајн околу него. Без да ви пренесеме спојлер, ликот на Kang (исто како и во стриповите) има огромен потенцијал да биде различен тип на негативец кој ќе донесе свежина и огромна закана за суперхероите во филмскиот универзум на Marvel, дополнително на тоа уште од многу рана фаза е претставен со што ќе има доста простор да се развие кон нешто уште подобро и покомплексно.

Ant-Man и дружината конечно се соочија со ДОСТОЕН негативец!
На крајот од филмот имаше две сцени после Credits, мораме да ви соопштиме дека подолго време не сме биле волку hype-нати и изненадени од истите. Се крчкаат големи нешта, пазете се.

7/10

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО