DnD екипата од Скопје наречена The Uncanny Crew која се состои од наши пријатели, фанови и страсни љубители на друштвената игра, ни даваат заедничко и поединечно мислење за филмот.
Критичарите го оценија прилично високо, а многу од Вас сепак се прашуваат дали вреди?
‘DUNGEONS & DRAGONS: HONOR AMONG THIEVES’ is Certified Fresh with 89% on Rotten Tomatoes from 169 reviews.
Read our review: https://t.co/o9Ng4zcxy9#DungeonsAndDragonsMovie #DungeonsAndDragons #DnDMovie pic.twitter.com/kZ47gNXhlT— Trendy Movies ⭐🔥 (@trendy_moviez) March 31, 2023
Заклучок на екипата:
“We expected a shit-show, but were pleasantly surprised.”
Поединечни мислења на секој член од екипата:
-
Dungeon Master (Баже): Како засекогаш-DM ги забележував сите checks & saving throws и беа на место. Филмот е навистина добро направен, особено за играчи на D&D и други TTRPG игри. 9/10
-
Devana (Нина): Очекував “shitshow”, но бев пријатно изненадена, можеби би бил збунувачки за луѓе кои не ја играле играта, претежно навистина личеше на D&D сесија, како група пријатели кои не можат да престанат да се смеат за време на сериозна сцена. И како играчи, ни беше интересно да ги забележуваме магиите, суштествата и неуспесите на ликовите. 9/10
-
Galleon (Јован): Мислам дека филмот беше совршен, особено за D&D играчи како нашата група. Навистина ми се допадна паладинот и неговиот стереотипичен приказ во филмот. Би сакал да имаше повеќе детали, и доколку има втор дел дефинитивно ќе го гледам. 7.5/10
-
Jane (Ивана): Филмот беше навистина интересен. Приказната, иако предвидлива, беше добро осмислена и привлечна за публиката. Шегите и целосниот „вајб“ на филмот навистина прикажаа како една група пријатели би се однесувале во нивната D&D игра. Беше интересно како D&D играчи да ги видиме случките и магиите, кои досега само ги замислувавме, прикажани на големите екрани. 8/10
-
Licidious (Марио): Филмот има добар баланс за играчите како и за тие кои не се до толку навлезени во играта. Ми се допадна целата приказна и акцијата беше феноменална, а и комедијата беше убаво доловена во филмот. Има простор за подобрување, но со буџетот филмот беше добар. 8.1/10
-
Magnus (Марко): Филмот е добра адаптација на жанрот и самата игра, имаше специфична привлечност дури и за луѓето кои не се толку навлезени во играта, без да претера. Сепак, може да биде збунувачки за луѓе кои се навикнати на попознати блокбастер филмови како LOTR, Marvel и слични филмови кои припаѓаат на овој жанр. Не би рекол дека е ремек-дело, но сепак ги опфаќа најважните и најинтересните елементи на играта. 8/10 за D&D играчи 6/10 за обичните смртници.
-
Nancy (Елена): Филмот беше прилично добар. Мојата замерка во филмот е дека одредени работи беа доста предвидливи, додека пак комедијата многу ме орасположи и ме смееше. Делот со илузиите беше прекрасно направен и покрај некои грешки во CGI. 7/10
-
Yamato (Никита): Семејството и татковството беа прикажани во позитивно светло. Приказната беше предвидлива, но беше добра. Беше тешко да се поверува во одредени случки на филмот, со оглед на светот во кој се одвиваше истиот. Магиите беа навистина креативно искористени. „Faerûn is dangerous bruh.“
Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves дебитираше премиерно во Cineplexx MK, купување и резервирање на билети на редовниот репертоар можете да направите ТУКА!