Денес е недела, 22 декември 2024
ПочетокФилмовиКомикс МК Рецензија БЕЗ Спојлери - Spider-Man: Across the Spider-Verse

Комикс МК Рецензија БЕЗ Спојлери – Spider-Man: Across the Spider-Verse

Најдобриот Comic Book филм во филмската историја! Зошто? Бидејќи е стрип, пресликан во филм, вистинска уметност.

Имате високи очекувања за филмот? Доколку е така, ќе се разочарате само од едно нешто, а тоа е од вашите очекувања кои убедливо ќе ги надмине без разлика какви се. Across the Spider-Verse е ремек дело во буквално секој аспект.
Анимацијата е неописливо добра, може да се почувствуваат различните стилови, а во секоја сцена се додадени креативни елементи кои носат посебно чувство и преубав изглед. Секој Spider карактер си има свој момент, автентичен стил на анимација, како и оригинални елементи на тон, боја и музика. Акцијата и целиот продукциски дизајн се буквално како да читате стрип кој се движи и има звук, револуција во филмската индустрија која се почесто ќе ја гледаме и во други филмови (како во престојниот Teenage Mutant Ninja Turtles: Mutant Mayhem).

Spider-Man: Across the Spider-Verse opens ground-breaking franchise to female fans - BBC News

Сите музички композиции и оригинални песни се феноменални, низ текот на филмот слушаме тотално различни композиции (како футуристичен сајбер стил, панк, индиска музика, елементи на џез, детективски и мистериозни елементи) кои одговараат одлично со секој карактер и сцена. Рап песните на Metro Boomin и сите останати артисти се ОГАН, добро се вклопуваат со што имаме уште еден вреден албум кој долго ќе се слуша!
Режисерите Joaquim Dos Santos, Kemp Powers, Justin K. Thompson на врвно ниво, феномнеално доловени кадри, скоро секоја сцена може да се урами и да се изложи во музеј на модерна уметност. Дополнително боите беа перфекција, погодени во секоја сцена. Актерската екипа си ја заврши работата спектакуларно, браво за сите кои им дадоа дух на Спајдер ликовите, посебна пофалба за изведбата на Oscar Isaac (Spider-Man 2099), Daniel Kaluuya (Spider-Punk), Karan Soni (Spider-Man India), Shameik Moore (Miles Morales), Hailee Steinfeld (Gwen Stacy) и секако сите останати.

Spider-Man: Across the Spider-Verse References the MCU Events From No Way Home

Секоја чест за писателите (Phil Lord, Christopher Miller и Dave Callaham) кои осмислиле нешто кое лично ние, го немаме видено во спајдермен светот досега. Ги земале сите елементи на класичната Спајдермен приказна која ја гледаме со години наназад, и напишале нешто кое дава еден нов аспект и вредност на целата кулминација на суперхеројот, создава подлога за уште поголем Character Development на ликот кој е пристуен низ стриповите повеќе од 60 години. Искрено не верувавме дека може да направат вакво нешто, има многу што да се научи од приказната, нема да ви окткриеме ништо повеќе со цел комплетно да уживате во филмот. The Spot е сепак достоен негативец, со нетрпение чекаме да го видиме во треиот дел. Текот на настаните беа без никаква пречка, без никаков Plot Hole, сосема убаво си течеше и во секој момент ви го задржува вниманието иако ова е најдолгиот анимиран филм во историјата со времетраење од 2 часа и 20 минути.

Who Is Spider-Punk? The SPIDER-MAN: ACROSS THE SPIDER-VERSE Hero, Explained - Nerdist

Необичен филм, кој многу едноставно и точно го опишува комплкесниот Спајдер-Верзум, навистина е достоен да се нарече филм за Мултиверзумот. Посебно ни се допадна што филмот имаше тоталнно различен прв, втор и трет чин на дејството, тоа се развиваше од Grounded, во комплексно, па повторно во Grounded. Дефинитивно ги задржа едноставните елементи, а во третиот чин се расплетка приказната и не натера дополнително да размислуваме и да разбираме каде би можела да оди во третиот дел, кој е насловен Spider-Man: Beyond the Spider-Verse, и е закажан за 29-ти март, 2024 година. Чиновите не се распределени на клише начин како во останатите суперхеројски филмови, третиот чин е смирен при што е многу по возбудлив од било која типична CGI тепачка.

Spider-Man: Across the Spider-Verse Adds Jason Schwartzman as The Spot

Филм кој мора да го гледа буквално СЕКОЈ, вакво нешто ретко може да се искуси во кино. Убедливо најдобриот Spider-Man филм, но сепак ова не сакаме да го изјавиме бидејќи сите си имаат своја убавина, и за секој е релативно, но од аспект на изработка, изглед и приказна, ова е број еден.

10/10 – Ова е општо еден од најдобрите филмови што сме ги гледале.

Рецензијата е напишана од Давид Ристовски.
П.С. Има МНОГУ Спајдермен references и по некое cameo. Пукавме од среќа во кино!

Second Official 'Spider-Man: Across the Spider-Verse' Trailer Debuts - WDW News Today

Spider-Man: Across the Spider-Verse е достапен во Cineplexx MK, билети може да си купите или резервирате ТУКА.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО