Денес е среда, 12 март 2025
ПочетокГејмингДобро познатата видео игра God of War со ново проложение за PS5...

Добро познатата видео игра God of War со ново проложение за PS5 (TRAILER)

Уште едно легендарно ексклузивно продолжение од PlayStation. God of War Ragnarok предвидвидена за 2021 година.

По пуштањето во продажба на новите генерации на конзоли, минатата година Playstation 5 I XBOX series X се најавија и многу нови видео игри, овде ќе збориме за мега популарната God of War, игра на годината за 2018 година.

God of War ја знаете речиси сите една од најпопуларните видео игри на сите времиња уште од времето на легендарниот PlayStation 2. GOD of WAR грчкиот спартанец Kratos ja започна својата авантура во Античка Грција како предаден од старана на неговиот бог Арес така што Kratos го одбира патот на осветата на Грчките богови. Првиот дел од франшизата креирана од Santa Monica Studios а издадена во 2005 година за Playstation 2 од SONY Entertainment.PlayStation продолжуваат со креирање на продолжениа веке 4 генерации на конзоли како и за (PSP,PS Vita и Mobile), 7 видео игри до 2013 година со многу признаниа и награди, сагата на Kratos завршува со God of war III.

По 5 години пауза од Santa Monica Studios, во 2018 искочи осмото продожение на GOD of WAR за PlayStation 4 со наслов како GOD of WAR но, овде Кratos е далку од дома, почнувајќи нов живот на север во Античка Скандинавија и царството на Мидгард, тамо има фамилија и живее нормален живот. Незнаејќи ја вистината за неговата сопруга која починува, Kratos останува сам со својот син Atreus, тие ја започнуваат нивната авантура за да ја дознаат вистината низ кралството на Мидгард и да се соочат со последиците од неа. God оf War беше огромен успех за Playstation 4 и е перфектното продолжение за фановите. Во 2018 доби позитивни критки интернационално како и титулата видео игра на годината.

Успехот на видео играта донесе до најава за продолжение со наслов God of War Ragnarok. Уште е непознато дали ќе биде само за PlayStation 5 или и за двете конзоли PS4 и PS5. Официјален датум за издавање сееусште нема но, најавата е за оваа година. Наша предикција е кон крајот на 2021 година. Со најавата добивме само еден краток треилер.

 

Тино
Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО