Денес е среда, 5 февруари 2025
ПочетокГејмингСнабдување со PlayStation5 ќе биде проблем и во 2022 година.

Снабдување со PlayStation5 ќе биде проблем и во 2022 година.

Sony Group Corp. предупреди група аналитичари дека PlayStation 5 ќе остане во недостиг до 2022 година.

Додека ги известуваше финансиските резултати на крајот на април, јапонскиот конгломерат соопшти дека продал 7,8 милиони единици од конзолата до 31 март и има за цел да продаде најмалку 14,8 милиони единици во тековната фискална година. Тоа би го одржувало во темпо да одговара на траекторијата на популарниот PlayStation 4, кој досега е продаден во над 115,9 милиони единици.

Како што повеќето знаат, PS5 е неверојатно тежок за купување во моментот и кога ќе се најде обично се од препродавачи кои што имаат дупло поголеми цени од оригиналната. Ситуацијата стана толку лоша што владата издаде официјален одговор на онлајн петицијата во која се бара промена на законот за справување со препродавање на конзолата.

Неколку аналитичари објавија дека Сони потврди дека се бори да остане во чекор со побарувачката за PS5 благодарение на недостигот на компоненти потребни за создавање на конзолата (најверојатно поради пандемијата).

„Не мислам дека побарувачката ќе се смири оваа година и дури и ако обезбедиме многу повеќе уреди и произведеме многу повеќе единици на PlayStation 5 следната година, нашата понуда нема да може да ја достигне побарувачката“, Хироки Тотоки, Главниот финансиски директор на групацијата Сони, како што се наведува, рече во приватниот брифинг.

Ива
Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО