„The Witcher: Monster Slayer“ е достапна за превземање откако имаше технички проблеми на лансирањето.
Pokémon Go беше издадена од Niantic во 2016 година и останува една од најпопуларните и најпрофитабилни игри за мобилни телефони, па не е изненадување што и други девелопери бараат да најдат начин да направат игри од ваков стил.
Механиката на играта најмногу потсеќа на „Harry Potter: Wizards Unite“, која што има повеќе RPG елементи во AR-играта. Играчите имаат шанса да ловат различни суштества и да шетаат насекаде со цел да извршуваат различни мисии.
The Witcher: Monster Slayer е поставен стотици години пред настаните на The Witcher 3, во време кога и чудовиштата и Вичерите биле почести. Играте нов Witcher кој се снаоѓа да заработи за живеење убивајќи опасни суштества што се појавуваат случајно на вашата мапа додека шетате наоколу.
Бесплатната игра досега ја имаат инсталирано над 100.000 корисиници на Google Play и има 3,6 од 5 рејтинг.