2021 година е веројатно голема и важна година за RPG серијалот Persona на Atlus. Франшизата не само што ја прославува својата 25 годишнина, туку и Persona неодамна достигна неверојатни 15 милиони во продажбата на различните наслови.
Atlus спремаат многу проекти поврзани со Persona игрите во блиска иднина, како што може да се види на официјалната веб страна на Persona 25th Anniversary.
Сите фанови се прашуваат какви проекти на Persona се во фаза на изработка. Очигледниот одговор е Persona 6, бидејќи веќе време е да има нов серијал затоа што доста време помина откако излезе Persona 5 Royal.
Доколку не сте запознаени со игрите Persona, Persona е спин-оф од франшизата на Megami Tensei од Atlus. Првата игра во серијалот, Revelations: Persona беше објавен во 1996 година за PlayStation.
Во моментов има шест главни Persona игри. Сите игри се одвиваат во ист универзум и делат одредени заеднички елементи. Серијалот е инспирирана од јунгиската психологија, од која го носи и своето име.
Многу играчи ја имаат прогласено Persona 4 како една од најдобрите јапонски RPG-а на сите времиња.