Компетитивни битки во арена на добропознати локации во Star Wars франшизата со избор на playable карактери од сите „ќошеви“ на галаксијата!
Насловот е изработен од Zynga и Natural Motion и е закажан за неодреден датум во 2022 година.
Настаните се одвиваат по падот на Галактичката Империја (по Return of the Jedi), а ликовите ќе бидат од разни раси со различни карактеристики:
- Droid Force Users
- Wookie Warrior
- Female Dark Side Force User
- Bounty Hunters
- Imperial Stormtroopers
Star Wars: Hunters ќе ги поврзе играчите во реално време, тимска борба со брзо темпо во која ќе се издвои еден победнички тим или соло играч.
Според изјавата на Nintendo, видеоиграта ќе биде визуелно преубава.
Наскоро очекуваме и Gameplay трејлер!