ПочетокГејмингCOMICSMK Ексклузивно интервју со Дамјан Стоилковски - Еден од македонските шампиони на...
COMICSMK Ексклузивно интервју со Дамјан Стоилковски – Еден од македонските шампиони на Светското првенство во CS: GO!
Македонската Е-Спорт Федерација испиша истроија со освоеното прво место на Светското CS: GO првенство во Израел!
Честитки до нашата репрезентација за посветеноста, храброста и напорната работа за еден ваков СВЕТСКИ успех!
Турнирот се одржа во Еилат (Израел) каде учествуваа 11 репрезентации, нашиот тим успеа да победи во финалниот натпревар против Романија со резултат од 2:0, се накити со првото место и награда од 10.000 евра!
Македонската репрезентација се состои од Александар Ќулукоски „CacaNito“, Јане Апостолоски „aidKiT“, Дамјан Стоилковски „kyxsan“, Павле Стојановски „stYleEeZ“ и Кристијан Поповски „FODOR“.

Во ова интервју ќе навлеземе подлабоко во светот на Кантер, заедно со шампионот, Дамјан Стоилковски „kyxsan“!
1. Кој е Дамјан?
Јас сум Дамјан Стоилковски, имам 21 година и живеам во Скопје. Како хоби, уште како мал ми биле кантерот и фудбалот. Во последните неколку години кантерот стана нешто повеќе, односно почнав професионално да се занимавам со тоа, додека пак фудбалот и ден денес го играм/гледам во слободно време.
2. Какво е чувството да си светски шампион?
Чувството е неверојатно, мислам дека е тешко да се објасни со зборови. Сите членови на репрезентацијата и делегацијата која беше присутна во Израел уживаа во тој неверојатен момент, но сметам дека беше доволно одмор и уживање, време е да почнеме да се спремаме за наредните натпреварувања кои следуваат.

3. Кога и како се роди љубовта кон Кантер?
Кантер за прв пат играв на мои 9 години, тогаш нормално за забава со моите другари. Често после училиште одевме во локална компјутерница каде поминувавме по неколку саати играјќи кантер. Годините поминуваа, јас продолжував да играм и желбата стануваше се поголема. На крајот, можам да кажам дека мојот сон да играм професионално се оствари.
4. Дали моментално играш во некој клуб?
Да, моментално настапувам за Германскиот клуб/организација “BLUEJAYS”. Мои соиграчи се Јане “aidKiT” Апостолоски, Павле “stYleEeZ” Стојановски, Александар “CacaNito” Ќулукоски, Даниел “dan1” Глигоров и нашиот тренер, Шпанецот Антонио “cr0n0s” Сориано. За жал нашиот соиграч dan1 поради одредени причини не можеше да дојде со нас во Израел, но неговата замена FODOR се покажа многу добро и го замени dan1 на најдобар можен начин.
5. Што значи да си професионален CS: GO играч?
Да се биде професионален CS:GO играч не е воопшто лесно. Има повеќе видови на тренинзи: тимски тренинг (играме тренинг/натпревар против друга екипа), индивидуален тренинг (секој играч поминува одреден период сам, со цел да ги подобри својте индивидуални вештини), гледање на демо од наши идни противници (анализирање на противник, ова најчесто се прави пред натпревари). Тренинзи најчесто имаме минимум 5 дена во неделата, и тие траат од 6 до 7 часови.
6. Која е твојата улога во тимот?
Мојата улога во тимот е IGL (In-game Leader). Јас сум тој што го води тимот за време на натпревари, односно јас ги кажувам сите тактики/стратегии кои ќе ги правиме во текот на мечот. Улогите на моите соиграчи се:
-aidKiT – „Lurker”
-stYleEeZ – „AWPer”
-CacaNito – „Rifler/Star player”
-dan1 – „Support”
7. Кои се твојте импресии / искуства од Светскиот шампионат во Израел?
Овој шампионат беше мој прв надвор од Македонија и можам да кажам дека беше феноменално искуство. Ќе ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на Македонската Е-Спорт Федерација, немам ниту една забелешка за организацијата и условите кои ни беа обезбедени во Израел.
8. Што би изјавил за твоите соиграчи од Македонската Е-Спорт федерација?
Би им се заблагодарил на сите за времето кое го одвоија пред шампионатот, сите заедно вложивме труд кој на крајот се исплатеше. Клучно за овој успех мислам дека беше нашата смиреност за време на турнирот, во ниту еден момент не чувствувавме притисок. Имаше неколку ситуации каде што бевме пред елиминација, но дури и тогаш овој тим покажа добар карактер и успеа да го сврти резултатот.
9. Што би им препорачал на читателите на Комикс MK?
Би им препорачал никогаш да не се откажуваат и да продолжат да работат напорно бидејќи тоа е единствениот начин да се стигне до успех.
