Од 5-ти мај ќе имаме можност да ја играме Trek to Yomi, игра за сите обожаватели на самураите.
Trek to Yomi е новата игра од студиото Devolver Digital, која има многу уникатен стил. Изработена е така што има голем фокус на кинематографијата, па со тоа сцените се како филм во кој вие ги контролирате движењата. Многумина зборуваат како таа е мешавина на црно – белиот стил на филмовите на Akira Kurosawa и добро познатата игра, Ghost of Tsushima.
Приказната е едноставна. Низ целата игра вие сте еден самурај кој има за цел да го ослободи својот град. Тоа што ја прави играта интересна, освен филмскиот стил, е и големиот избор на оружја и комбинации на удари со кои имате можност да изградите свој уникатен стил на борба.
Порталот IGN ја нарече и “Playable Samurai Film”, а во прилог може да видиме како изгледа тоа..