Новата Diablo видеоигра ќе биде достапна на 2-ри јуни.
Иако студиото Blizzard имаше најавено нова Diablo видеоигра ексклузивно за мобилните телефони, добивме изненадувачка новост дека таа ќе биде достапна и за PC, а воедно и дека студиото работи на „cross-play“ и „cross-progression“.
Оваа MMORPG видеоигра ќе биде бесплатна и ќе може да се игра само online. А приказната е продолжеток на Diablo II: Lord of Destruction и во истата ќе сретнеме многу нови ликови.
Освен ова, Blizzard изјавија дека работат и на Diablo IV, на нова World of Warcraft видеоигра за мобилни телефони, нова „survival“ видеоигра и долгоочекуваната Overwatch 2.